По неуспехот на Рено да се искачи на врвот во Формула 1, компанијата одлучи за целосна "чистка". Новиот шеф на концернот, Лука де Мео, спроведе големи реформи, што резултираше со создавање на буквално нов тим со ново име, ново раководство, нови бои и шампионски возач.
Неколку години по враќањето во ерата на хибридни турбо мотори, Рено стана солиден тим од средината на табелата со освоени неколку подиуми, а со ребрендирањето на тимот очекува да постигне повеќе, како за промоција на брендот, така и пласманот во врвниот мотоспорт.
Презентацијата на новиот болид во суштина беше презентација на новиот тим. Изненадувачки е што еден од главните ликови не можеше да присуствува. Како што однапред објасни тимот, Фернандо Алонсо не бил во можност да патува од Швајцарија во Велика Британија поради ограничувања со пандемијата. Ова на многумина им изгледаше чудно, бидејќи презентацијата беше целосно виртуелна.
Враќајќи се во Формула 1 по паузата, Фернандо гледаше од страна, а главен лик беше францускиот возач на францускиот тим, Естебан Окон. Со неговиот монолог започна презентацијата. Како и многумина оваа година, Алпин имаше претходно снимена презентација.
Естебан одговараше на прашањата на водителот, а потоа виртуелно се појавија и претставниците на управата, најавувајќи ги задачите за сезоната. Ништо не потсетуваше на големите презентации што тимот ги правеше во изминатите години.
Тимот не го покажа вистинскиот болид, кој ќе го видиме следната недела на тест сесијата во Бахреин. Засега сите претпочитаат да ги кријат своите решенија во контекст на новта аеро регулатива. Како што веќе знаете, ознаката А521, е комбинација на првиот Ф1 прототип на тимот од 1975 година, А500, со броевите на тековната година.
Изненадување на презентацијата беше објавувањето на Даниел Квјат како резервен возач на тимот.
АЛПИН, А521 - НОВО БРЕНДИРАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ
3/03/2021 10:12:00 AM
0
Share to other apps