Оваа одлука беше принудна, откако минатата пролет фабриките на тимовите беа затворени скоро шест месеци поради пандемијата. ФИА го одложи преминот кон новите регулативи и сериозно го ограничи развојот на болидите за 2021 година, давајќи им два токени за промени, кој секој тим самиот одлучи на што да ги потроши.
Всушност, на тестовите беа донесени малку подобрени верзии на минатогодишните болиди, но со помала моќност поради промените во регулативата за аеродинамика, но и на побавните и потешки гуми на Пирели.
Времињата на последниот ден се намалија, не толку сериозно како што можеби очекувавме, но и не се изненадувачки побавни од прогнозираните 2-3 секунди. На последниот ден, многумина возачи имаа брзи, квалификациски кругови, а при крајот на сесијата главната битка се водеше помеѓу Ферстапен и дебитантот во АлфаТаури, Јуки Цунода.
Двата болиди придвижувани од погонската единица на Хонда. Холанѓанецот беше за десетинка побрз од Јапонецот, забележувајќи го најдоброто време на оваа тест сесија.
Кими Раиконен комплетираше најмногу кругови во еден ден. Со ова тест сесијата е завршена. Оваа година ќе немаме сезонски тестирања, освен тие организирани од Пирели за евалуација на 2022 18" гуми.
Кој тим покажа најмногу? Кои се претендентите за највисок пласман? Откако ќе ги анализираме постигнатите времиња, се надеваме дека ќе ви дадеме појасна слика и одговор на поставените прашања. Детална анализа во текот на утрешниот ден!!!
2021 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 3 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.960 | 64(C4) | |
2 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:29.053 | + 0.093 | 91(C5) |
3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:29.611 | + 0.651 | 79(C4) |
4 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:29.767 | + 0.806 | 167(C5) |
5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.025 | + 1.065 | 54(C5) |
6 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.117 | + 1.157 | 158(C5) |
7 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:30.144 | + 1.184 | 76(C4) |
8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.187 | + 1.227 | 49(C4) |
9 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:30.318 | + 1.358 | 78(C4) |
10 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:30.486 | + 1.526 | 80(C3) |
11 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.661 | + 1.701 | 56(C3) |
12 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.828 | + 1.868 | 76(C4) |
13 | Естебан Окон | Алпин | 1:31.310 | + 2.350 | 61(C3) |
14 | Никита Мазепин | Хас | 1:31.531 | + 2.571 | 67(C4) |
15 | Мик Шумахер | Хас | 1:32.053 | + 3.093 | 78(C3) |
16 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:32.406 | + 3.446 | 86(C2) |
17 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:35.041 | + 6.081 | 56(C3) |
18 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:36.100 | + 7.140 | 80(C3) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |