Шампионатот вклучува шест виртуелни трки, од кои последната се вози вечерва, со Ерхан Јајовски, Фредерик Расмусен и Кевин Сиги како најголеми фаворити за титулата, како и животна шанса да пробаат како е да се вози вистински ФЕ болид од втората генерација.
Секако, тука е наградниот фонд од минимум 100.000 евра(Шампионот добива 20.000).
Ресенчанецот, Јајовски има предност од 26 поени пред најблискиот ривал Расмусен, што е еквивалентно на победа на трката и најбрзиот круг. Сепак, последната трка носи двојни поени за освојување, што значи дека има вкупно 56 поени за игра.
Сим-тркачите ќе се натпреваруваат на патеката во Вечниот град, Рим, омилена на вистинските ФЕ возачи, позната по своите непростливи испакнатини и брзите правци. Поставена покрај историските знаменитости како што се Palazzo dei Congressi и Piazzale Marconi, патека ќе биде достапна на rFactor2 по претставата.
2021 ФОРМУЛА Е - ЗАБРЗУВАЊЕ ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ 01 Ерхан Јајовски - 28/01 02 Ерхан Јајовски - 04/02 03 Кевин Сиги - 11/02 04 Фредерик Расмусен - 11 Март 05 Ерхан Јајовски - 18 Март 06 Трка - 25 Март @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ПЛАСМАН ПО 5/6 ТРКИ | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Ерхан Јајовски | 111 | |
2. | Фредерик Расмусен | 85 | |
3. | Кевин Сиги | 75 | |
4. | Мариус Голомбек | 29 | |
5. | Мануел Бјанколила | 28 | |
6. | Мартин Стефанко | 28 | |
7. | Боно Хуис | 24 | |
8. | Никодем Вишниевски |
23 | |
9. | Петар Брjак | 23 | |
10. | Греам Керол | 22 |
ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА YOUTUBE