Новата 2021 Формула 1 сезона, која ќе биде 72-ра од овој Шампионат, започнува викендов, 26-28 Март, со трката за Големата Награда на Бахреин, на патеката Сакир.
Трката се одржува од 2004 година, а од 2014 година кога ја прославија својата јубилејна 10 трка, организаторите се решија за старт во 18:00 часот по локално време. Тоа значи дека трката стартува на зајдисонце, за да се заврши во целосна темница, слично како во Абу Даби.
Сакир е модерна патека направена по највисоки стандарди, финансирана од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип.
Трката се одржува од 2004 година, а од 2014 година кога ја прославија својата јубилејна 10 трка, организаторите се решија за старт во 18:00 часот по локално време. Тоа значи дека трката стартува на зајдисонце, за да се заврши во целосна темница, слично како во Абу Даби.
Сакир е модерна патека направена по највисоки стандарди, финансирана од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип.
Се карактеризира со четири долги правци, комбинирани со тесни и бавни свиоци. Амбиентална температура може да достигне до 45°C, што го прави ладењето на ПЕ како најголем приоритет. Миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Сакир е патека која најмногу ги истакнува перформансите на погонската единица, како V6 моторот, така и хибридниот дел. Сепак, не треба да заборавиме дека брзината на правците директно зависи и од нивото на аеродинамична потисна сила. Значи од витална важност ќе биде да се погоди вистинското подесување на болидот, за да се извади неговиот максимум од моќноста на ПЕ и аеро придобивките.
По само три тест дена пред стартот на сезоната, кои се одвиваа на истата оваа патека, имаме впечаток дека Мерцедес АМГ и Ред Бул се најбрзите тимови на гридот, но, првите трки ќе треба да ни го потврдат тоа. Нашата анализа може да ја прочитате со клик на следниот ЛИНК - ЗАВРШНА АНАЛИЗА.
Секако дека во периодот до првата трка тимовите не седеа со скрстени раце, туку работеа напорно на своите, но и на анализа на противничките болиди. Далечината од своите фабрики им ја отежна задачата, па ретко кој од тимовите се реши да донесе нови делови.
Според техничарите на Брембо, Меѓународната патеката Бахреин е оценета како една од најпредизвикувачките кога се работи за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 4, исто како легендарните патеки Монца и СПА-Франкоршамп и поновите како тие во Баку и Сочи.
Минатогодишните трки се одржаа во Ноември, кога температурите беа пониски, за разлика пролетните едиции. Близината до пустината и различниот период од годината ќе произведат висок механички грип што, во комбинација со бројните високо-енергетски точки на сопирање, го отежнува ладењето на сопирачките дискови.
Од осум точки за сопирање на оваа патека, три се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, четири се со средна тешкотија и преостанатата една е лесна.
Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 337км/ч намалуваат до 83км/ч за време од 2.44 секунди и растојание од само 122 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 172 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.5Г при забавувањето.
Временскиот распоред е со Квалификации во Сабота, 16:00 часот и Трка, Недела, во 17:00 часот по Македонско време. Подетално на следниот ЛИНК.
ВАЖНО - Сабота/Недела започнува летно сметање на времето - ВАЖНО |
Оваа година во Формула 1 имаме три дебитанти, од кои најзвучно име е Мик Шумахер, кој заедно со Никита Мазепин ќе ја сочинуваат комплетно новата возачка постава на Хас. Јуки Џунода со добри настапи во Ф2 и под патронажа на Хонда, доби шанса да прикаже што знае во тимот на АлфаТаури.
Во Формула 1 сe враќа Фернандо Алонсо, и тоа во ребрендираниот фабрички тим на Рено, кој од оваа сезона ќе се натпреварува под името АЛПИН. Шпанецот веќе ја загреа атмосферата изјавувајќи дека е подобар возач од Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Себастијан Ветел!!! Тој дојде на местото на Даниел Рикиардо, кој по преминувањето на Карлос Саинц Јр. во Ферари се реши да го напушти тимот и замине во тој на Мекларен.
Оваа сезона имаме најмногу трансфери на возачите, па тука мораме да ги споменеме и Себастијан Ветел кој беше отпуштен од Ферари, па мораше да замине во тимот на Рејсинг Поинт, кој од сезонава ќе настапува како фабрички тим на Астон Мартин.
Претходно тие мораа да се ослободат од Серџо Перез, кој беше на работ да остане без возачко место во Ф1 Шампионатот, но неговата победа на истата оваа патека му донесе место во подобар тим, тој на Ред Бул. Алекс Албон мораше да се задоволи со улогата на тест возач на тимот.
Се започна со една, беше додадена уште една, а од минатата година на патеката во Бахреин имаме три ДРС-зони за што повеќе претекнувања. Првите две зони се наоѓаат на главните правци, а дополнителна трета зона се наоѓа на правецот помеѓу третиот и четвртиот свиок.
Квалификациите и трката во Бахреин ќе се одржат под вештачко осветлување, кога температурата на воздухот и асфалтот е малку пониска отколку во текот на денот. Прогнозата ветува сончево време, но можна е песочна бура во недела.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 12:30-13:30 MK | Сончево, 30/32°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 16:00-17:00 MK | Сончево, 31/33°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 13:00-14:00 MK | Сончево, 31/34°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 16:00-17:00 MK | Зајдисонце, 27/25°C | |
ТРКА | 17:00 MK | Ветровито 25/24°C |
|
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Причината е крајно абразивниот асфалт, како и големиот број на зони на интензивно сопирање и забрзување. Како што знаеме, патеката е среде пустина, па во петокот има многу песок на асфалтот, но за време на викендот, состојбата донекаде се подобрува. Ќе помогне и фактот што започнува и сезоната во Формула 2 Шампионатот.
Трите средни смеши од опсегот на 2021 гумите на Пирели се избрани за трката во Бахреин, C2 (Тврда), C3 (Медиум) и C4 (Мека). Ова е иста номинација како и на ланското ГП пред четири месеци.
За оваа година имаме нови гуми, кои се дизајнирани да ја подобрат цврстината и издржливоста, овозможувајќи им да работат при помал притисок, додека смешите од кои се конструирани се исти како и минатата година.