Минатата година за време на трката во Германија во очи на сите Ф1 фанови ни падна Македонското знаме поставено на главната трибина. По излегувањето на Нетфликс серијата Drive to Survive повторно се потсетивме на таа сцена, а продуцентите на истата ја имаат искористено во седмата епизода од третата сезона.
Одговорен за поставување на нашето знаме е Нино Сулејман, кој ретко испушта некој посериозен авто-мото настан во Германија и пошироко. Човек кој својата огромна љубов кон Македонија ја пренесува на мото спорт фановите секаде каде што е присутен.
МиД: Здраво Нино. Почеток на сезоната во Формула 1. Што значи тоа за тебе? Кога не си во можност да присуствуваш во живо ги следиш ли трките на малите екрани?
Нино: Здраво и добро вечер. Адреналин и посебно чувство. Следам и додека снагата ме држи ќе следам.
МиД: По потекло си од Чаир Скопје. Колку време си во Германија и дали и пред да дојдеш овде следеше формула 1?
Нино: Роден сум во Скопје населба Топана. Во 1967 се преселивме во Чаир. Во Германија сум 38 години. Додека бевме во Скопје немавме можност да следам или следиме Ф1.
МиД: Живееш во Керпен, градче на 20 километри од Хурт родното место на Михаел Шумахер. Дали можеби тоа влијаело на твојата поврзаност со Формула 1?
Нино: Да, од 1997 сум во Керпен. Хурт е родно место на Михаел и Ралф Шумахер. Но тоа не влијаеше да почнам со следење на Формула 1, следев и пред да се преселиме во Керпен.
МиД: Која е првата сезона на која се сеќаваш и кои возачи беа тогаш најпопуларни?
Нино: 1990 ако не се лажам Аиртон Сена и Алан Прост. Исто Најџел Менсел и Герхард Бергер. Повеќето од нив имаат гаражи на Нирбургринг.
МиД: Дали се сеќаваш на првата трка на која имаш присуствувано? Каде беше тоа и кога?
Нино: 29.07.1990 Хокенхајм. Аиртон Сена победи на мојот роденден. И тогаш како и другите години спиев во истиот хотел на мотодромот.
МиД: Те прашуваат ли луѓето често за знаме на која држава се работи. Можеш ли да Издвоиш некој интересен настан во таа насока?
Нино: Често се случува да ме прашат. Некогаш има и мали провокации. Пример во СПА Белгија и на патеката во Барселона ми го имаат побарано знамето „дај ми го јорганот да се покријам со него. Јас ја соблеков јакната и им ја понудив за покривање. Знаме не се дава на непознати.
МиД: Имаш огромна колекција на Формула 1 реквизити меѓу другото и многу капи, дел од нив со автограми. Од кого се имаш добиено автограм и дали имаш некој што ти е посебно омилен?
Нино: Имам многу реквизити и автограми. Омилен тим ми е Мекларен, дури и жена ми која е антиспортист ја имам однесено во гаражата на Мекларен и Ферари.
МиД: Оваа сезона се предвидени 23 трки со тоа сезоната ќе биде најдолгата во историјата на Формула 1. За жал вратите на патеките во Нирбургринг и во Хокенхајм ќе останат затворени. Дали тоа значи дека годинава нема да го видиме Нино на некоја Формула 1 трка или сепак постои можност секако под услов тоа да биде дозволено да посетиш некоја трка во соседството или подалеку?
Нино: Ако има можност секако. Јас не сум коцкар, но често добивам, затоа гледајте формула и ако го видите македонското знаме таму сум....
Целосното интервју го имате на следниот линк:
makedoncivogermanija.com
НИНО СУЛЕЈМАН - ЧОВЕКОТ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ФОРМУЛА 1 ТРКИТЕ
4/04/2021 08:59:00 PM
0
Share to other apps