Со трката за ГН на Емилија-Ромања што ќе се одвива на патеката Имола започнува европска низа на Формула 1 Шампионатот и сите го чекаме продолжението на возбудливиот дуел помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кој започна во Бахреин.
Тогаш тимот на Мерцедес АМГ го победи Ред Бул со подобра стратегија, иако болидот на Макс се чинеше дека е побрз. Според нас тоа секако беше случај во квалификациско темпо, но тркачкото темпо е сосема друга приказна. Затоа, многу експерти Холанѓанецот го сметаат за фаворит на претстојната трка на патеката Имола.
Но, минатата година, тој немаше баш голема среќа на италијанските патеки, па од швајцаскиот Блик, мислат дека Макс го следи италијанско проклетство.
Овој чуден тренд, започна во Монца, каде Холанѓанецот се повлече во 30 круг поради проблеми со ПЕ, а само една недела потоа во Муџело, тој не беше во можност да комплетира нити еден круг по стартот.
И во Имола, Ферстапен испадна од борбата во 51 круг со пукната гума.
За разлика од него, Хамилтон настапи доста успешно на сите италијански трки, победувајќи на ГН на Тоскана и Емилија-Ромања, а во бурната трка во Монца заврши на седмото место и го забележа најбрзиот круг.
Лесно е да се пресмета дека во текот на овие три трки, Луис тогаш заработи 59 поени, а Макс ниту еден.
Иако швајцарците гледаат некаква мистика во ова, сепак тоа е само статистика. За оваа година, Ферстапен навистина ги има сите шанси добро да наплати за претходните неуспеси, бидејќи дури и Тото Волф, шефот на тимот на Мерцедес АМГ, ја препознава предноста на Ред Бул.
"Првпат од 2014 година ние не сме во улога на фаворити! Но, несомнено е дека оваа нашата нова улога треба да им се допадне на нашите фанови."
МАКС И ИТАЛИЈАНСКОТО ПРОКЛЕТСТВО
4/12/2021 07:50:00 PM
0
Share to other apps