Претекнувањето на тесната патека е тешко, а минатата година имавме само шест претекнувања за време на трката, едно без помош и три со помош на ДРС-системот. Според тоа, квалификациите во Имола се особено важни за исходот на утрешната трка. Најдоброто време беше комбинација од брзина, но и прецизност. Нешто што на своја кожа го почувствува Ландо Норис, кога за момент беше на Пол позицијата, но неговото време беше избришано.
Во Q1 сесијата, сите возачи излегоа на црвените гуми. Повеќето од нив успеаа да забележат време, до моментот кога Јуки Цунода, дебитантот во болидот на АлфаТаури предизвика развеани црвени знамиња. Јапонецот направи грешка во 14-от свиок, на излезот од шиканата болидот се изврте и неговиот заден дел заврши во бариерата.
Ударот беше силен, Цунода сам го напушти болидот, но беше испратен на превентивен медицински преглед поради активирање на сензорот за преоптоварување. Девет минути подоцна, возачите повторно заминаа. Задниот дел на болидот беше целосно уништен.
Избришани беа времињата на Перез, Гасли и Латифи поради излегување од патеката. Најдоброто време го забележа Валтери Ботас, а крај на квалификациите беше за Раиконен, Џовинаци, Шумахер, Мазепин и Цунода.
Во Q2 сесијата во првиот обид, возачите Мерцедес АМГ, Вилијамс и Макс Ферстапен излегоа на жолтите гуми. Себастијан Ветел погреши и се врати во боксот. Најдоброто време го забележа Ландо Норис. Избришани беа времињата на Гасли и Ветел.
Во вторите брзи круга, Серџо Перез го забележа најбрзото време, а разликата помеѓу Топ 10 возачите беше само четири десетинки. Изнанадување приреди Карлос Саинц Јр., кој заедно со Расел, Ветел, Латифи и Алонсо отпаднаа од понатамошната борба.
Во финалната сесија сите возачи се натпреваруваа со црвените гуми. Во првиот обид, Хамилтон го имаше најбрзото време. Макс Ферстапен, го имаше второто најбрзо време, заостанувајќи неполна десетинка. Времето на Ленс Строл беше избришано.
Во вторите обиди, Хамилтон не се подобри. Ландо Норис беше на добар пат, со два виолетови сектори, можеби, да забележи и Пол позиција, но на крај се покажа дека се тоа било резултат на излегување надвор од патеката. Во вториот свој обид Мексиканецот во редовите на Ред Бул, изненадувачки се најде за втората позиција, заостанувајќи 0.035 делови од секундата зад Британецот.
Со тоа, Луис Хамилтон ја забележа својата 99-та Пол позиција во кариерата. Макс не беше на ниво, забележувајќи го третото најбрзо време, а друштво на вториот ред ќе му прави Чарлс Леклерк. Пјер Гасли и Даниел Рикиардо ќе ја започнат трката од третиот ред.
Трката за Големата Награда на Емилија Ромања, започнува утре во 15:00 часот.
2021 ЕМИЛИЈА РОМАЊА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:14.411 | |
2. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:14.446 | + 0.035 |
3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:14.498 | + 0.087 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:14.740 | + 0.329 |
5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:14.790 | + 0.379 |
6. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:14.826 | + 0.415 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | 1:14.875 | + 0.464 |
8. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:14.898 | + 0.487 |
9. | Естебан Окон | Алпин | 1:15.210 | + 0.799 |
10. | Ленс Строл | Астон Мартин | / | / |
Q2 Најбрзо Време: Серџо Перез - 1:14.716 | ||||
11. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:15.199 | + 0.483 |
12. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:15.261 | + 0.545 |
13. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:15.394 | + 0.678 |
14. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:15.593 | + 0.877 |
15. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:15.593 | + 0.877 |
Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:14.672 | ||||
16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:15.974 | + 1.302 |
17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:16.122 | + 1.450 |
18. | Мик Шумахер | Хас | 1:16.279 | + 1.607 |
19. | Никита Мазепин | Хас | 1:16.797 | + 2.125 |
20. | Јуки Цунода | АлфаТаури | / | / |
107% време: 1:19.899 | ||||
ХИБРИДНА ЕРА - ИМОЛА
2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:13.609
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.411 @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |