Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на патеката Имола.
ПОБЕДНИЦИ
Луис Хамилтон, П1: "Очигледно, денес беше одличен ден. Дефинитивно не очекував дека ќе бидеме пред двата болиди на Ред Бул. Мислам дека беа многу брзи викендов. Имаше моменти кога тие беа шест десетинки пред нас. Ние навистина не знаевме каде ќе бидат, но болидот веќе се чувствуваше многу подобро од почетокот на овој викенд"
"Голем респект за тимот и напорната работа да ја намалиме разликата.
Оваа патека има свиоци кои се поминуваат со средна и голема брзина, па мислам дека затоа ја намаливме разликата."
"Температурите се многу пониски што нè приближи до Ред Бул. Но, тие се силни, ќе требаат апсолутно совршени кругови за да останеме пред нив, ако утре имаме шанса за победа."
Серџо Перез, П2: "Огромен резултат за мене, знаејќи дека утре би можел да победам на трката е дефинитивно добро чувство. Има многу позитиви што треба да се извадат од денес, но направив мала грешка на последниот свиок, бев толку близу до пол позицијата."
"Не можам да верувам дека ова е мојот прв старт со Ред Бул на гридот, бидејќи во Бахреин трката ја започнав од пит-линијата, и тој е од првиот стартен ред! Тоа само покажува дека обемот на работа што како тим ја вложивме се исплати."
"Гледајќи за утрешната трка, Макс и јас сме на различни стратегии, почнувам на црвените, а Макс е на жолтите гуми, па мислам дека ни претстои добра трка, особено што можевме да го притиснеме Мерцедес АМГ."
"Ова е одличен резултат за нас, но не можеме да се занесеме премногу, знам дека треба многу да се работи и важно е да продолжиме да правиме добар прогрес кон напред."
Чарлс Леклерк, П4: "Среќен сум со болидот, но не ми се допаѓаше мојот брз круг. Во комбинацијата на 14-от и 15-от свиок, изгубив време поради погрешен напад на рабниците, што влијаеше на резултатот во толку тесна борба."
"Како резултат, се квалификував на четвртата, но не можев да се натпреварувам за третата позиција, болидот немаше доволно брзина. Среќен сум со перформансите, но треба да работам повеќе, бидејќи Ландо Норис покажа импресивно време."
"Немаше среќа и неговото време е избришано само за неколку сантиметри од патеката, Мекларен заврши одлична работа. Нашата борба ќе продолжи низ цела сезона, мора да бидеме подготвени за ова, не смееме да се опуштиме."
"Резултатите се солидни, а разликата со врвните тимови е толку мала што дава надеж за подиумот, но мислам дека утре лидерите ќе имаат повеќе сила."
ГУБИТНИЦИ
Валтери Ботас, П8: "Денес беше малку збунувачки и сè уште не ги разбирам перформансите од Q3. На првото возење во Q3 имав преуправливост, а потоа на второ возење, задниот дел не беше толку добар. Ова не она кон што целев денес, особено со чувството што го имав на почетокот на квалификациите."
"Првиот круг во Q3, во вториот свиок имав навистина ненадејно занесување од задниот крај и изгубив многу време. Истото се случи во вториот обид, немав доверба во задниот крај на болидот."
"Тоа не е нешто што се случуваше во Q1 или Q2, па затоа е тешко да се разбере, ќе мора да ја видиме телеметријата. Тука, претекнувањето е тешко, но утре јас ќе дадам се од себе."
Макс Ферстапен, П3: "Немав чист круг во Q3. Направив неколку грешки и кога ќе излеташ надвор во квалификациски круг, тоа никогаш носи добри работи. Првиот сектор од првиот круг не беше добар кога го поминувате низ турбулентниот воздух на друг болид, па знаев дека има многу потенцијал за подобрување."
"Притиснав малку повеќе во вториот круг, но излетав надвор од патеката на излезот од третиот свиок и искосив малку од тревата, што не во прилог на брз круг. Понекогаш овие работи се случуваат и не можете да направите совршен или близу совршен круг."
"Секогаш има работи што можете да ги направите подобро дури и кога велите дека е совршен круг, но денес бевме далеку од тоа. Се шокирав што имав таков круг бидејќи помина долго време откако се чувствував вака по квалификациите."
"Чеко заврши одлична работа затоа сите честитки за него. Имаме добар болид и утре е местото каде што се освојуваат поени. Постојат многу фактори вклучени во трката, како времето и стартот, но за тимот секогаш е добро да има два болиди напред, така што се надевам дека јас и Чеко можеме да му отежнеме на Мерцедес АМГ да одлучува за стратегијата."
Карлос Саинц Јр., П11: "На квалификациите, балансот на болидот малку се смени, но ова не е причината за моите проблеми. Имаме добра брзина, и јас знам како да поминувам низ овој или оној свиок зад воланот на Ферари, но треба да разберам како да останам брз во сите свиоци во еден круг."
"Во некои сектори покажав одлични времиња, но за време на целите квалификации никогаш не успеав да комплетирам добар цел еден круг. Можеби факт е дека не го познавам болидотдоволно и не се чувствувам целосно сигурен во него за да возам низ секој сектор како што тоа го правев во Мекларен. Не знам."
"Но, сигурен сум дека денес можев да постигнам подобар резултат.
Имав проблем да ги нападнам рабниците, не знаев како ќе реагира болидот и изгубив време поради неколку грешки. Треба да бидам многу прецизен и да разберам како ќе се однесува болидот во таква ситуација. За ова е потребно време и искуство."
"Не чувствувам дополнителен притисок заради фактот дека ова е трка на домашен терен за Ферари. Поените се освојуваат во недела. Ако се претставиме добро на трката, сите ќе заборават на неуспешните квалификации. Тешко е да се престигнува, добар старт, вистинската стратегија и можноста за менаџирање со гумите се клучни за добра трка."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИTE ВО ИМОЛА
4/17/2021 07:36:00 PM
0
Share to other apps