На стартот, летечкиот Холанѓанец ги престигна Серџо Перез и Луис Хамилтон за првото место на трката. Британецот беше приморан да вози низ рабниците по што изгуби фрагмент од предното крило.
На излез од 14-от свиок, Чарлс Леклер го престигна Перез за третото место. Назад Николас Латифи имаше проблеми со задржувањето на болидот на влажната патека, губејќи контрола, удри во болидот на Мазепин, по што заврши во бариерата покрај патеката.
Безбедносниот автомобил, во оваа трка Мерцедес, мораше да излезе на патеката.
Повеќето возачи се трудеа да ја одржат температурата на своите пневматици, но Мик Шумахер изгиби контрола врз болидот на Хас, притоа удирајќи во бариерата спроти излезот од боксевите. Неговото предно крило беше уништено.
Поради остатоците на излезот од боксевите, тие беа затворени за влегување, па Германецот мораше да вози два круга без предно крило, по што се упати по нови гуми и нос на болидот.
Тоа не беше крај на возбудувањата под безбедносниот автомобил, следен кој се изврте и излета надвор од патеката беше Серџо Перез, губејќи неколку позиции, но потоа ги врати, престигнувајќи под БВ, за што од стјуардите доби казна од 10 секунди. Во шестиот круг беше најавено рестартирање на трката.
Хамилтон го нападна Ферстапен, но Макс го задржа водството и брзо се оддалечи, а Луис мораше да се брани од нападите на Леклер. Карлос Саинц Јр. изведе две престинувања, но набрзо повторно ги изгуби двете добиени места. Во овој период од трката Шпанецот имаше неколку излетувања надвор од патеката.
Пјер Гасли имаше добро темпо на гумите за дожд, но подоцна таа стратегија се покажа како губитничка. Речиси сите останати возачи беа на гуми за влажно време, интермедиа. Кога дождот престана, патеката се сушеше, па Французинот многу рано, во 15-от круг, мораше да ги смени гумите.
Ландо Норис во тие моменти беше заглавен зад Даниел Рикиардо, неговиот нов тимски колега, по што побара од тимот да биде пропуштен. Австралијанецот се согласи и му ја предаде позицијата, по што Норис брзо се оддалечи.
Се возеше 27-от круг кога први од водечките со одлука за влез во бокс беа Ред Бул. Лидерот на трката ги замени интермедиа гумите за жолти гуми. Хамилтон го засили темпото и веќе во следниот круг и тој влезе по нови гуми. Механичарите на Мерцедес АМГ имаа слаба реакција, со 4 секунди стационарен пит-стоп, за разлика од тие на Ред Бул со 2.2 секунди.
Во 31-от круг, Луис Хамилтон, додека го престигнуваше за цел круг болид на Џорџ Расел, излета од патеката и заврши во бариерите. Тој успеа да излезе од чакалот со помош на рикверц и возеше до боксевите со оштетено предно крило.
Во тие моменти, напаѓајќи го Ботас, Џорџ Расел, мораше да излезе надвор од идеалната линија, по што неговиот болидот по контакт со влажните места на патеката се занесе и заврши со контакт помеѓу двата болиди.
При брзина од 300 км/ч двајцата заврпија во бариерите, исполнувајќи ја патеката со остатоци од нивните болиди. Безбедносниот автомобил излезе на патеката. Откако излезе од својот болид, Расел се упати кон Ботас кој седеше во болидот и го удри по кацигата.
Стјуардите го разгледуваат овој инцидент. Поради големината на судирот трката беше стопирана за отстранување на остатоците. Возачите се вратија во пит-линијата, а нивните механичари беа во можност да ги поправат дефектите и да ги променат гумите.
Топ десет пласманот во тие моменти беше Ферстапен, Леклер, Норис, Перез, Саинц Јр., Рикиардо, Строл, Раиконен, Хамилтон, Цунода. Половина час подоцна беше најавено рестартирање за безбедносниот автомобил. Пред тоа, стјуардите им овозможија на болидите кои заостануваат еден круг (еден од нив беше и Хамилтон) да се вратат во истиот круг со лидерот. Остануваше уште скоро половина од трката пред нас.
На рестартот, Ферстапен го задржа водството. Ландо Норис го престигна Чарлс Леклер за второто место. Цунода по кој знае кој пат излета во чакалот покрај патеката, но успеа да се врати назад. Дебитантите во новите болиди, не се снајдоа баш најдобро, па исто така и Серџо Перез излета во чакалот, откако се изврте на патеката, болидот не беше оштетен, но тој падна на крајот на поредокот.
Откако му се погодија коцките, Луис Хамилтон, користејќи ја надмоќноста на болидот на Мерцедес АМГ од 39-60 круг, ги престигна Строл, Рикиардо, Саинц Јр., Леклер и Норис за второто место на трката. Во последните кругови тој и Холанѓанецот разменија неколу брзи кругови, но дополнителниот поен му припаднаа на Британецот.
Макс Ферстапен финишираше 22 секунди пред Луис Хамилтон, а Ландо Норис 1.7 секунди зад Мерцедесот. Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. го освоија четвртото и петтото место, пред Даниел Рикиардо и Ленс Строл. Возачот на Астон Мартин забележа поени, а пред стартот имаше проблеми со сопирачките, кои што беа рекордно поправени од неговите механичари.
Гасли заврши на осмото место, по грешната стратегија со сините гуми на Пирели, пред Кими Раиконен на деветтото место. Естебан Окон со болидот на Алпин го освои последниот поен со пласман на 10-тото место, пред неговиот тимски колега, Фернандо Алонсо, кој го уништи предното крило на пат до стартниот грид.
Серџо Перез заврши на 12-то место пред Цунода, додека Себастијан Ветел мораше да се повлече од трката во последниот круг, поради проблеми со менувачот. Во конечкиот пласман од трката се најдоа и двајцата возачи на Хас, Мик Шумахер пред Никита Мазепин.
UPDATE: По трката стјуардите разгледуваа неколку инциденти:
- Пет секунди и 1 казнен поен на неговата лиценца за Ленс Строл. Тој се сели на П8. Тој го престигнал Гасли со кратење на третиот свиок. Французинот промовиран на 7 место.
- 10 секунди STOP/GO казна за Кими Раиконен, која е конвертирана во 30 секунди по трката, поради не влегување во пит-линијата за рестарт на трката. Финецот ги изгуби двата освоени поени, Окон и Алонсо промовирани на 9 и 10 место.
- Без казни за судирот Ботас/Расел. Тоа беше тркачки инцидент. Се согласуваме!!!
2021 ГН ЕМИЛИЈА РОМАЊА - ТРКА 63 круга, 309.049км., Време: Облачно/Дожд |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч28:32.430 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 22.000 |
3. | Ландо Норис | Мекларен | + 23.702 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 25.579 |
5. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 27.036 |
6. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 51.220 |
7. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
+ 52.818 |
8. | Ленс Строл* | Астон Мартин | + 56.909 |
9. | Естебан Окон | Алпин | + 1:05.704 |
10. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1:06.561 |
11. | Серџо Перез | Ред Бул | + 1:07.151 |
12. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 1:13.184 |
13. | Кими Раиконен** |
Алфа Ромео | + 1:34.773 |
14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
15. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | не заврши |
16. | Мик Шумахер | Хас | + 2 круга |
17. | Никита Мазепин |
Хас | + 2 круга |
* казна 5 секунди НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:16.702** казна 30 секунди |
|||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | судир |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | судир |
20. | Николас Латифи | Вилијамс | дефект |
ХИБРИДНА ЕРА - ИМОЛА 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч28:32.430 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 2ч02:34.598 @MkFormula1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 2/23 ТРКИ | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 44 | |
2. | Макс Ферстапен | 43 | |
3. | Ландо Норис | 27 | |
4. | Чарлс Леклер | 20 | |
5. | Валтери Ботас | 16 | |
6. | Карлос Саинц Јр. | 14 | |
7. | Даниел Рикиардо | 14 | |
8. | Серџо Перез | 10 | |
9. | Пјер Гасли | 6 | |
10. | Ленс Строл | 5 | |
11. | Естебан Окон | 2 | |
12. | Јуки Цунода | 2 | |
13. | Фернандо Алонсо | 1 | |
14. | Кими Раиконен | 0 | |
15. | Антонио Џовинаци | 0 | |
16. | Џорџ Расел | 0 | |
17. | Себастијан Ветел | 0 | |
18. | Мик Шумахер |
0 | |
19. | Никита Мазепин |
0 | |
20. | Николас Латифи | 0 | |
21. | 0 | ||
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 60 | |
2. | Ред Бул | 53 | |
3. | Мекларен | 41 | |
4. | Ферари | 34 | |
5. | АлфаТаури |
8 | |
6. | Астон Мартин | 5 |
|
7. | Алпин | 3 | |
8. | Алфа Ромео | 0 | |
9. | Вилијамс | 0 | |
10. | Хас | 0 |