Патеката е мешавина од старото и новото, свиоци кои се поминуваат со голема брзина, заштитени со бетонски бариери кои не дозволуваат ни најмала грешка, современи гаражи и боксеви и падок објекти изградени кон крајот на 2000-тите. На кратко, тоа е место кое ја наградува посветеноста.
Трката со вкупно 63 круга скоро е сигурно дека ќе биде со едно застанување во бокс за повеќето возачи, од три главни причини. Прво, тешко е да се престигне на тесната Имола, второ, загубата на време за промена на гуми е голема, скоро половина минута, и трето, абењето и деградацијата на гумите е разумно ниска.
Две застанувања во бокс, дефинитивно ќе биде побавна опција, па тимовите ќе гледаат да го избегнат тоа ако е можно. Позицијата на патеката е клучна, важно е да се излезе на чиста патека, без други болиди пред себе, така што времето на запирање ќе биде критично.
Честопати, голема предност може да се добие со вистинската стратегија, во вистинскиот момент за претекнување на директните ривали, така што треба да се земе и тоа во предвид.
Во Q2 сесијата од квалификациите вкупно пет болиди излегоа на жолтите гуми, време кога се одлучуваат стартните гуми за гридот, при што возачите на Мерцедес АМГ и Макс Ферстапен од Ред Бул успеаа да ги постават своите најдобри времиња.
Двајцата возачи на Вилијамс, исто така, ги користеа жолтите гуми, но не се квалификуваа во Q3. Останатите седум возачи во топ 10 пласманот, трката ќе ја започнат со црвените гуми. Како и обично, сите од П11 надолу имаат слободен избор на гуми.
Со тоа што Луис Хамилтон стартува од Пол позицијата, а Ферстапен ќе стартува како трет, двајца од топ три ќе започнат на жолтите гуми и на "чистата" страна на патеката. Серџо Перез со другиот болид на Ред Бул се вметна меѓу нив на црвените гуми, но ќе стартува од "валканата" страна.
Марио Изола, Пирели: "Сите избрани смеши се претставија во добро светло. Како што се очекуваше, видовме како некои од фаворитите избираа да поминат низ Q2 и со тоа да ја стартуваат трката со жолтите гуми. Ова треба да им овозможи подолг прв стинт и пофлексибилна стратегија."
"Има голем број варијабли, вклучително и времето, со можност за дожд што може целосно да ги поништи предвидените стратегии. Ако остане патеката сува, досега видовме дека сите три смеши треба да имаат важна улога во трката.
Оние што стартуваат на црвените гуми, не се соочуваат со посебен недостаток, бидејќи Имола е патека со мало оптоварување за гумите и временските услови се очекува постудено време."
2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ЕМИЛИЈА РОМАЊА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
5. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
8. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
9. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
10. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
11. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - ФЕРАРИ | |
12. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
13. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
14. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
15. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
17. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
20. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Ги споредивме најдобрите времиња на возачите на десетте тимови во квалификациите во Имола во 2020 и 2021 година. Единствено тимот на Вилијамс има подобро време, додека останатите тимови иако заостануваат тоа не е толку изразено како во Бахреин.
КОЈ ТИМ ИЗГУБИ, КОЈ НАЈМНОГУ НАПРЕДУВАШЕ | ||||
П. | TIM | 2020 | 2021 | РАЗЛИКА |
1. | ВИЛИЈАМС |
1:15.323 | 1:15.261 | - 0.062 |
2. | МЕКЛАРЕН |
1:14.814 | 1:14.826 | + 0.012 |
3. | АЛФА РОМЕО |
1:15.939 | 1:15.974 | + 0.035 |
4. | АСТОН МАРТИН | 1:15.061 | 1:15.138 | + 0.077 |
5. | ФЕРАРИ | 1:14.616 | 1:14.740 | + 0.124 |
6. | РЕД БУЛ | 1:14.176 | 1:14.446 | + 0.270 |
7. | АЛФАТАУРИ | 1:14.502 | 1:14.790 | + 0.288 |
8. | ХАС |
1:15.918 | 1:16.279 | + 0.361 |
9. | АЛПИН | 1:14.520 | 1:15.117 | + 0.597 |
10. | МЕРЦЕДЕС АМГ | 1:13.609 | 1:14.411 | + 0.802 |