Температурата на воздухот во Имола едвај надмина десет степени, па за прв пат по тестовите и првата трка, кои што се одржаа во жешкиот Бахреин, тимовите работеа со новите болиди во толку постудени услови.
Патеката во Имола не простува. Тренингот започна со извртување на Никита Мазепин во првиот негов брз круг. Возачот на Хас можеше да излезе од чакалот, се врати во својата гаража и наскоро повторно излезе на патеката.
Десет минути подоцна, во чакалот заврши уште еден дебитант, Јуки Цунода, кој направи грешка во првата шикана, но тој исто така се врати на патеката, ги исчисти гумите - и продолжи да вози. Возење низ чакалот си дозволија и Ферстапен и Латифи, секако без сериозни последици.
Утринава имавме две црвени знамиња, а првото беше во 38-та минута од сесијата, поради инцидент/судир помеѓу Перез и Окон, од кои можевме да ги видиме само последиците. Според Кристијан Хорнер, Серџо Перез беше во брз круг, Естебан Окон во спор. Инцидентот ќе се разгледува помеѓу двете тренинг сесии.
Нивните болиди имаа контакт, по што болидот на Мексиканецот заврши со оштетено задно лево тркало, а болидот на Алпин имапе штета на предната амортизација. Евакуацијата на болидите траеше релативно долго време, па возачите повторно можеа да се вратат на патеката по изминати десет минути.
Поради дефекти на опремата, ФИА го откажа тестот на режимот за виртуелно безбедносно возило закажан за последните минути од сесијата. Сесијата заврши како што почна, повторно со извртување на Мазепин во истиот 18-ти свиок како и на почетокот на тренингот, по што Русинот удри во бариерите покрај патеката. Тоа беше второто црвено знаме, но покажано по изтекот на сесијата.
Вториот тренинг започнува во 14:30 часот на кој ќе дознаеме многу повеќе за редоследот на силите, бидејќи овој каде Латифи е 9-то место не може да биде земен како релевантен.
2021 ЕМИЛИЈА РОМАЊА ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:16.564 | 23 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.605 | + 0.041 | 25 |
3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:16.622 | + 0.058 | 21 |
4 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:16.796 | + 0.232 | 14 |
5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:16.888 | + 0.324 | 21 |
6 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:16.888 | + 0.324 | 26 |
7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:17.457 | + 0.893 | 23 |
8 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:17.489 | + 0.925 | 19 |
9 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:17.739 | + 1.175 | 24 |
10 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:17.769 | + 1.205 | 23 |
11 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:17.867 | + 1.302 | 25 |
12 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.883 | + 1.319 | 16 |
13 | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.935 | + 1.371 | 16 |
14 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:17.984 | + 1.420 | 23 |
15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.058 | + 1.494 | 24 |
16 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:18.228 | + 1.664 | 15 |
17 | Естебан Окон | Алпин | 1:18.360 | + 1.796 | 19 |
18 | Никита Мазепин | Хас | 1:18.823 | + 2.259 | 22 |
19 | Мик Шумахер | Хас | 1:19.480 | + 2.916 | 18 |
20 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:19.781 | + 3.217 | 11 |
ХИБРИДНА ЕРА - ИМОЛА 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.726 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:16.564 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |