До почетокот на втората тренинг сесија, ФОМ ги реши техничките проблеми, причината едноставна, скинат оптички кабел, еден од најчестите изговори и на нашите кабловски оператори. Кога сме кај нив мораме да заблагодариме на А1 што ни "овозможува" да следиме Ф1 пренос.
Тимовите ја изработија традиционалната програма за сетирање на болидите и тестирање на Пирели пневматиците. Грешките и излетувањата станаа забележително помалку отколку на првата сесија, но, како и утрината, на многумина од нив им беше избришано времето поради излегување од лимитите на патеката во деветтиот и петнаесеттиот свиок.
Првиот тренинг заврши со излетувањето на Мазепин и до почетокот на вториот, тимот немаше време да го подготви неговиот болидот, па така додека останатите возачи беа на патеката од првите минути, Русинот се приклучи со задоцнување од дваесетина минути.
Во 11-та минута, во вториот сектор, поради проблеми со погонската оска, болидот на Макс Ферстапен запре на патеката, беше воведен режим на виртуелно безбедносно возило за негова евакуација. Подоцна се покажа дека тоа беше крај на сесијата за Холанѓанецот.
Со тоа тој ја изгуби целата сесија, што може да биде од клучна важност за утрешните квалификации. Сепак, се до моментот на дефектот на погонската оска беше на пат да го постави најбрзото време до тој момент. Утрината имаше доста комплетирани кругови, а утре го очекува и третиот тренинг, на кој ќе има доволно време за уште квалификациски или симулациски кругови.
Но, во моментов, стриктно гледано од поставените времиња предноста е на страна на Мерцедес АМГ, и секако за кралот на петочните тренинг сесии, Валтери Ботас. Минатата година, Финецот стартуваше од Пол позицијата на оваа патека, но го следеа малери на трката. Се поставува прашањето дали може да биде подобар со новиот болид, W12 и да Победи во Имола?
Се чини дека болидот на Ферари ги поддржа тврдењата на Леклерк дека можат да го освојат третото место во шампионатот на конструкторите оваа година. Италијанскиот тим имаше добра сесија и одлично темпо, и изгледаше дека го предводи средниот ред. Дали тоа може да биде крунисано со пласман на Побеничкиот подиум останува да видиме.
По одличното темпо на Моначанецот, тој имаше финиш каков што сигурно не посакуваше. Во последните минути, Чалрс Леклер изгуби контрола врз болидот на Ферари во 18-от свиок, по што заврши во бариерите покрај патеката. Тренингот беше стопиран, по што стјуардите одлучија тој да не продолжи со преостанати неколку минути до самиот крај.
Формата Серџо Перез и можноста за контролирање на RB16B се уште е под знак прашање, а тоа во првата трка значеше добитна комбинација за Мерцедес АМГ. Доколку Ред Бул успее да биде со двајцата свои возачи во предните стартни редови, тоа би требало да ни донесе интересна трка во недела, за разлика од последните сезони кога Макс Ферстапен го помина поголемиот дел од трките без поддршка на својот тимки колега.
Годинава со скратеното времетраење на тренинг сесиите, тркачкото темпо е потешко за откивање, и има големи аномалии во забележаните времиња. Според нив, на жолтите гуми во предност е Чарлс Леклер, 1:19.355, со околу 2 дестинки предност пред возачите на Мерцедес АМГ, Ботас, 1:19.615, Хамилтон, 1:19.683.
Серџо Перез изнандувачки слаб со просечно време од 1:20.089. Останатите заостануваат дополнителни 5-6 десетинки. Повеќето возачи своите стинтови со повеќе гориво ги имаа на жолтите гуми, додека тие на црвените гуми беа во малцинство.
Од нив најдобар беше Пјер Гасли со просечно време од 1:20.245, две дестинки пред Карлос Саинц Јр. 1:20.439, додека останатите беа подалеку назад Ландо Норис, 1:20.817 и Фернандо Алонсо, 1:20.976
2021 ЕМИЛИЈА РОМАЊА ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.551 | 25 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:15.561 | + 0.010 | 26 |
3 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:15.629 | + 0.078 | 30 |
4 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:15.834 | + 0.283 | 30 |
5 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:16.371 | + 0.820 | 28 |
6 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:16.411 | + 0.860 | 25 |
7 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:16.419 | + 0.868 | 26 |
8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:16.485 | + 0.934 | 22 |
9 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:16.515 | + 0.962 | 25 |
10 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:16.737 | + 1.186 | 25 |
11 | Естебан Окон | Алпин | 1:16.817 | + 1.267 | 27 |
12 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:16.823 | + 1.272 | 29 |
13 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:16.835 | + 1.284 | 27 |
14 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:16.999 | + 1.448 | 5 |
15 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:17.092 | + 1.541 | 26 |
16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:17.179 | + 1.628 | 31 |
17 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.273 | + 1.722 | 27 |
18 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:17.281 | + 1.730 | 24 |
19 | Мик Шумахер | Хас | 1:17.350 | + 1.799 | 28 |
20 | Никита Мазепин | Хас | 1:17.857 | + 2.306 | 16 |
ХИБРИДНА ЕРА - ИМОЛА 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:15.551 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |