По 2020 сезоната и закажување трка во последен момент, оваа година Формула 1 повторно се враќа во Португалија, на меѓународната патека Алгарве, која во мотоспорт заедницата е попозната како Портимао, поради името на блискиот град во јужна Португалија.
Со брзи "слепи" свиоци, драматични промени во елевацијата, предизвикувачка површина на патеката, ова е место каде каде што потрагата по максималните граници на болидот може да значи голема разлика во пласман на гридот.
Со невообичаената конфигурација и ограничени податоци на тимовите, трката за Големата Награда на Португалија ветува дека ќе биде и интересен и непредвидлив настан.
Портимао е една од најлесните патеки во календарот за претекнување, особено на долг правец до првиот свиок. Всушност, 49 од 55 претекнувања за време на минатогодишната трка се случија на ова место.
ДРС-системот е од голема вашност, а за оваа година се направени одредени промени. Единствената ДРС зона од минатодишната трка, на стартно/целниот правец е намалена за 165 метри, што може да влијае на претекнувањето во првиот свиок. Но, додадена е втора ДРС зона помеѓу четвртиот и петтиот свиок, а тоа второто најдобро место за престигнување на оваа патека.
Портимао е спротивна на Имола кога станува збор за границите на патеката, има огромни пространства за непречено излетување. Додека излетувањето во Имола можеше да значи и крај на трката во чакалот покрај патеката, во Портимао стјуардите се тие кои ќе имаа поголема работа. Во 2020 година, беа избришани 194 времиња поради непочитување на лимитите на патеката, за разлика од само 63 избришани времиња во Имола.
И покрај тоа што немаше излегување на безбедносниот автомобил на трката од минатата година, во пракса имавме три црвени знамиња, а влажниот асфалт со низок степен на грип направи да имаме изненадувачки старт на трката. Затоа, може да се очекуваат инциденти на стартот!
Најдобрата стратегија за трката повторно би требало да биде со еден пит-стоп, поради малата деградација на гумите. Минатата година, повеќето возачи избраа само еднаш да ги променат своите гуми, а единствени исклучоци беа возачите кои имаа казни или проблеми со болидот. За Големата Награда на Португалија ќе бидат користени C1, C2 и C3 како бели, жолти и црвени гуми, што значи деби за најтврдата C1 смешa на Пирели.
Ако се погледне конфигурацијата на патеката, може да се помисли дека таа е во категоријата на брзи патеки, но всушност тоа е повеќе патека со ниска брзина. Времето поминато при мала брзина, всушност ја прави нешто побавна од Барселона, Нирбургринг и Хунгароринг. Генерално, Алгарве може да се опише како бавна, но со некои карактеристики на брза патека.
Патеката Алгарве, најверојатно ќе бара прилично високо ниво на потисна сила, ставајќи акцент на добриот грип при излез од свиоците. Пронаоѓањето на оптималниот баланс на болидите ќе биде попредизвикувачко поради недостаток на податоци и реалното искуство на асфалтот со болидите од хибридната ера.
Портимао се наоѓа на јужниот брег на Португалија, што значи дека брзината и насоката на ветерот ќе бидат клучен фактор за време на викендот. Секоја ненадејна промена може радикално да го смени балансот на болидот и да влијае на времињата по круг или за време на еден стинт.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 12:30-13:30 MK | Претежно Сончево, 19/24°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 16:00-17:00 MK | Претежно Сончево, 19/21°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 13:00-14:00 MK | Претежно Сончево, 18/21°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 16:00-17:00 MK | Претежно Сончево, 18/20°C | |
ТРКА | 16:00 MK | Сончево, Врнежи 7% 21/24°C |
|
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Според техничарите на Брембо, патеката Алгарве е оценува како просечна за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 3, идентично со патеката Каталуња, каде веќе следниот викенд се одржува нова трка во Ф1 Шампионатот.Од седумте точки за сопирање на оваа патека, две се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, четири се со средна тешкотија и само една е лесна.
Најтешкиот дел за сопирање е петтиот свиок, кога болидите од 318км/ч намалуваат до 84км/ч за време од 2.72 секунди и растојание од 122 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 135 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.1Г при забавувањето.
Временскиот распоред, со Квалификации во Сабота, 16:00 часот и Трка, Недела, во 16:00 часот по Македонско време, подетално го имате на следниот ЛИНК.