Отмар Сафнауер, Тимскиот Шеф на Астон Мартин, може да ја тужи ФИА доколку се покаже дека техничките прописи за 2021 сезоната се изготвени на таков начин што ќе им ја одземе предноста на некои тимови.
Уште во 2020 година, беше познато дека исполнувањето на барањата од техничките регулативи за 2021 година ќе доведе до намалување на потисната сила што се создава од подот на болидите. Намалувањето на моќноста е направено од безбедносни причини за да се намали оптоварувањето врз гумите.
Сепак, Сафнауер ги доведе во прашање овие мотиви, бидејќи во пракса се покажа дека промените најмногу се рефлектираa кај тимовите кои го користат концептот на рамно подвозје на болидите, т.е. Мерцедес АМГ и копирачите на истиот, Астон Мартин.
"Тешко е да се види која е намерата, на ова прашање мора да одговори ФИА. Промените во регулативата од безбедносни причини може да ги направи само ФИА, бидејќи тие се експерти за овие работи."
"Во моментов, најправилно е да се преговара со ФИА и да се открие што точно се случило и од кои причини. Треба да разбереме што може да се направи за да се направи ситуацијата поправедна."
На прашањето дали Астон Мартин е подготвен да ја тужи ФИА ако се покаже дека регулативите не се прилагодени од безбедносни причини, но со цел да се забават одредни тимови, Отмар рече: "Мислам дека сепак можеме да дојдеме до решение низ дискусии. Тешко е да се каже сега. Треба да разбереме што можеме понатаму."
Најдобар одговор на овие тврдења(плачење) донесе Кристијан Хорнер: "Изненаден сум од изјавите на Отмар. Веќе ги имав слушнато неговите негодувања, но не знаев дека ќе се одлучат да зборуваат отворено и јавно за тоа. Заостануваат само една трка, а на истата победник беше Мерцедес АМГ, иако и тие имаат болид со истиот концепт на под."
"Дури и ако го игнорираме сето ова, правилата беа донесени едногласно, а овој тим гласаше ЗА. Наивно е да се верува дека по само една трка, правилата одеднаш ќе се променат. Тешко ми е да го разберам ова."
АСТОН МАРТИН МОЖЕ ДА ЈА ТУЖИ ФИА
4/16/2021 07:49:00 PM
0
Share to other apps