Имола е една од седумте патеки во 2021 Ф1 календарот кои се возат спротивно од стрелките на часовникот, заедно со Интерлагос, Баку, Тексас, Џеда, Марина Беј и Јас Марина. За разлика од помодерните патеки, таа е прилично тесна, што го прави претекнувањето речиси невозможно, па повеќе се става акцент на стратегијата за добивање на позиции. Патеката беше домаќин на Ф1 трки под три различни имиња: ГН на Сан Марино, Италија и Емилија Ромања.
"2021 Сезоната започна во спектакуларен стил. Тоа беше охрабрувачка прва трка, доаѓајќи од Бахреин со двоен подиум, и се надевам дека дуелот во пустината помеѓу нас и Ред Бул е знак на она што следува оваа година."
"Можеби победивме во првата рунда, но немаме илузии дека ова ќе биде лесна сезона за нас. Болидот сè уште има недостаток на брзина во еден круг и се чини дека Ред Бул сега има предност. Ние работиме напорно да ја намалиме разликата и тоа е предизвик со кој уживаме."
"Бевме желни да се вратиме на патеката во текот на оваа тринеделна пауза и втората трка, Големата Награда на Емилија Ромања, е овој викенд. Имола е историско место и е патека на која возачите навистина уживаат, со својата прекрасна природа, големи брзини и разновидност на свиоци."
"Тоа е прилично тесна патека, што го отежнува претекнувањето, но ова го става повеќе фокусот на стратегијата и ги прави квалификациите уште посуштински. Сите уживавме кога се вративме во Имола во 2020 година, по 14-годишната пауза, а за нас тоа беше посебен момент, поради фактот што тој викенд ја обезбедивме седмата Титула во шампионатот на Конструктори. Со нетрпение очекуваме повторно да се вратиме и да видиме каква трка не очекува во 2021 година!"
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ПРЕД ИМОЛА
4/14/2021 06:56:00 PM
0
Share to other apps