Официјалната веб-страница на Формула 1 објави нестандардно интервју со првиот човек на врвниот мотоспорт, Стефано Доменикали. Тој на сите прашања требаше да одговори само со ДА и НЕ.
- Дали Мерцедес АМГ ќе продолжи да доминира?
Стефано Доменикали: Со сета почит кон Тото Волф и навивачите на Мерцедес, мислам дека не.
- Формула 1 ќе се врати во Африка во следните пет години?
Стефано Доменикали: Да.
- Формула 1 ќе биде еколошки неутрална до 2030 година?
Стефано Доменикали: Да.
- Дали ќе видиме жена возач во Формула 1 во следните десет години?
Стефано Доменикали: Да. Тоа е голема надеж.
- Дали болидите во Формула 1 ќе останат најбрзите во светот по 2021 година?
Стефано Доменикали: Апсолутно. Тоа е целта. Не е само да се биде најбрз на правците, треба да се најде вистинскиот баланс на болидот, трката се одвива во тек на 300 километри.
- Дали во следните три години ќе имаме две Формула 1 трки во САД?
Стефано Доменикали: Да.
- Дали регулативите од 2022 година ќе ги направат трките поинтересни?
Стефано Доменикали: Да, ова е целта и правиме се за да ја постигнеме.
- Формула 1 ќе премине во дводневен формат за тркачки викенд?
Стефано Доменикали: Не. Сите промотори сакаат фановите да уживаат во целост во текот на викендот. Ние мора да ја почитуваме нивната позиција.
- Дали ви се допаѓа како изгледаат болидите во оваа сезона?
Стефано Доменикали: Да.
- Дали Ферари ќе може да се бори за титулата во следните пет години?
Стефано Доменикали: Да.
- Дали буџетските ограничувања навистина ќе ја променат рамнотежата на силите?
Стефано Доменикали: Да. Не само затоа што тимовите ќе имаат помалку пари. Тие ќе мора да го променат својот менталитет и пристапот кон работата со цел да се пробијат во лидери.
- Дали рекордот на Луис Хамилтон по број на Победи ќе биде надминат?
Стефано Доменикали: Па, во однос на Луис се надевам НЕ, за останатите се надевам ДА, ќе биде надминат, но сигурно тоа нема да биде во блиска иднина.
СТЕФАНО ДОМЕНИКАЛИ ОДГОВАРА САМО СО ДА ИЛИ НЕ
4/14/2021 03:04:00 PM
0
Share to other apps