Кога сме кај Ред Бул, Перез се бореше за темпо и покрај тоа што имаше чист круг и го заокружи Топ 10 пласманот. Макс Ферстапен не забележа репрезентативно време на црвените гуми, по негова грешка, со што остана со деветтото најбрзо време.
Холанѓанецот имаше голем број излетувања од патеката, е сега дали ги бараше лимитите на болидот, или пак се бореше да остане на патеката, но тоа беше далеку од идеално попладне за него.
Останува уште една тренинг сесија за Ред Бул да го пронајде вистинскиот баланс на нивниот незгоден болид и да видиме дали ќе може да парира на Мерцедес АМГ како во досегашниот тек од шампионатот.
Ферари изгледаше многу брз на црвените гуми, барем Чарлс Леклер. Неговото трето најбрзо време, со пристојно заостанување зад Мерцедесот, е многу добар резултат. Но, како што знаеме Ферари има тенденција на петочните тренинг сесии да настапи со помалку гориво во своите болиди.
Попладнево, Мекларен падна во поредокот. Блефирање?!? Можеби е така, утринското темпо на Норис неможе да испари во рок од неколку часа. Младиот Британец го имаше само 12-тото најбрзо време, додека Рикиардо сè уште е далеку зад темпото на неговиот тимски колега на 15-тото место на табелата. Сепак сите од Мекларен очекуваме дека утре на квалификациите ќе биде друга приказна.
Што се однесува до нивните големи ривали од минатата сезона, тимот на Рено, сега Алпин, имаше многу добра сесија. Четврто и петто најбрзо време за Окон и Алонсо, а најдобрата вест за миленикот на Шпанците, е што тој имаше ектремно мало заостанување зад неговиот тимски колега. Овие двајца возачи може да бидат најголемото изненадување во текот на утрешниот ден.
Друг тим, кој не само што имаше два болида во топ 10, туку имаше двајца возачи еден над друг, беше АлфаТаури. Тоа се очекуваше од Пјер Гасли, но, неговиот тимски колега, дебитантот Јуки Цунода направи голем чекор напред. Да видиме дали утре тој ќе може да го има својот прв пласман во Q3 сесијата. Ќе биде тешко, особено со брзиот Мекларен во игра, но тука може да се вмеша и Астон Мартин, чии надградби на болидот се покажаа како добри.
Останува уште саботниот тренинг, уште една шанса да дознаеме нешто повеќе за поредокот на тимовите, пред многу важните и често влијателни квалификации. Петмина од последните седум победници стартуваа од Пол позицијата. Според денешните резултати, Луис Хамилтон е човекот што треба да ја освои, но се надеваме на силен предизвик од Ботас и Ферстапен. Третиот тренинг е закажан за 12:00 MK, Квалификациите за 15:00 MK.
| 2021 ШПАНСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.170 | 32 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.309 | + 0.139 | 31 |
| 3 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.335 | + 0.165 | 28 |
| 4 | Естебан Окон | Алпин | 1:18.467 | + 0.296 | 29 |
| 5 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:18.518 | + 0.348 | 30 |
| 6 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.593 | + 0.423 | 32 |
| 7 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:18.619 | + 0.449 | 30 |
| 8 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:18.674 | + 0.504 | 30 |
| 9 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.785 | + 0.615 | 26 |
| 10 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:18.918 | + 0.748 | 23 |
| 11 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:18.947 | + 0.777 | 30 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:19.092 | + 0.922 | 28 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.122 | + 0.952 | 29 |
| 14 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:19.134 | + 0.964 | 29 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:19.195 | + 1.025 | 28 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:19.215 | + 1.043 | 30 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.957 | + 1.787 | 29 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:20.046 | + 1.876 | 26 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:20.326 | + 2.156 | 30 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:20.753 | + 2.583 | 27 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - КАТАЛУЊА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.524 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.852 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:23.922 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.802 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.259 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.284 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.883 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.170 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||






