Утринската сесија беше шанса за настап на резервните возачи на два тима. Во Вилијамс, Рој Нисани седна зад воланот на болидот на Џорџ Расел, во Алфа Ромео Роберт Кубица го замени Кими Раиконен.
Покрај традиционалната програма за подобрување на балансот на болидот и проценка на ефикасноста на гумите, возачите се навикнуваа на десеттиот свиок, кој претрпе измени и беше вратен на претходната конфигурација, со што патеката Каталуња стана дваесет метри подолга.
Состојбата на асфалтот по утринскиот тренинг во Формула 3 беше добра. Возачите ја започнаа сесијата со белите гуми и ја завршија со црвените гуми, кои беа забележително побрзи. Единствено возачите на Ферари ги искористија жолтите гуми на Пирели.
Тренинг сесијата не помина без извртување на Никита Мазепин, заврши во чакалот покрај патеката, но со помош на рикверц, излезе од него и ја продолжи серијата кругови. По враќањето во боксот, Никита го замоли тимот да го замени седиштето со старото, бидејќи новата верзија е понепријатна.
Во 44-та минута сесијата беше стопирана, кога Роберт Кубица го изгубио задниот крај на Алфата, поминувајќи низ десеттиот свиок, по што остана заглавен во чакалот. Следуваше краток период на црвени знамиња, додека да биде евакуиран неговиот болид. За Полјакот, тоа беше крај на сесијата.
Вториот тренинг започнува во 15:00 часот и на кој се надеваме на многу порелевантни времиња, бидејќи тоа е времето кога ќе се одвиваат Квалификациите и Трката.
| 2021 ШПАНСКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.504 | 25 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.537 | + 0.033 | 19 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.627 | + 0.123 | 22 |
| 4 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.944 | + 0.440 | 24 |
| 5 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.996 | + 0.492 | 25 |
| 6 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:19.020 | + 0.516 | 22 |
| 7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:19.062 | + 0.558 | 26 |
| 8 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:19.234 | + 0.730 | 24 |
| 9 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:19.349 | + 0.845 | 17 |
| 10 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:19.429 | + 0.925 | 25 |
| 11 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:19.669 | + 1.165 | 22 |
| 12 | Естебан Окон | Алпин | 1:19.681 | + 1.177 | 25 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.694 | + 1.190 | 23 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:19.732 | + 1.228 | 24 |
| 15 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:19.950 | + 1.446 | 25 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:20.270 | + 1.767 | 25 |
| 17 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:20.700 | + 2.196 | 23 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:20.767 | + 2.262 | 23 |
| 19 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:21.887 | + 3.383 | 12 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:21.976 | + 3.472 | 22 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - КАТАЛУЊА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.023
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.828 2016 Себастијан Ветел - Ферари - 1:23.951 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.521 2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:18.148 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.951 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:16.785 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:18.504 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||





