RacingNews365 објави дека Дајмлер наскоро ќе ја изгуби контролата над тимот на Мерцедес АМГ. Од базата во Штутгарт потврдија дека акциите на тимот се на продажба.
Тимот ќе продолжи да постои, но интересот на Дајмлер, матичната компанија на Мерцедес-Бенц, ќе се намали како резултат на намалениот удел.
Во декември минатата година, Дајмлер веќе продаде одреден пакет акции, па сега сопственици на Мерцедес АМГ со еднакви удели се Тото Волф, Дајмлер и ИНЕОС.
Продажбата на акциите на Дајмлер се очекува да заврши во првата половина на 2021 година. Кога зделката ќе биде готова, компанијата веќе нема да има целосна контрола врз процесот на донесување одлуки во Ф1 тимот.
Во Дајмлер потенцираат дека тоа не би требало да донесе промена во името на фабричкиот тим или ребрендирање на погонските единици. Договорите со Вилијамс, Астон Мартин, Мекларен остануваат како и досега.
МЕРЦЕДЕС СЕ ОТКАЖУВА ОД Ф1 ТИМОТ
5/19/2021 07:28:00 PM
0
Share to other apps


