Кими Раиконен ја вози 19-тата сезона во Формула 1 и од лично искуство знае колку се менуваше шампионатот со текот на годините. Во Монако, Финецот забележа дека сега има премногу правила, а возачите се поагресивни во одбраната на позицијата.
"Според мене, кога започнав да се натпреварувам, возачите имаа поискрена борба. Ако престигнувавте некого, вашиот противник не постапуваше толку грубо како сега, не ве блокираше толку многу како што се случува сега. Претходно, не ни требаа толку многу правила како што имаме сега. Од друга страна, секој спорт се менува со текот на годините, тоа е природен процес."
"Главната разлика помеѓу модерната Формула 1 и минатото е што сега постојат правила за скоро сè. Има толку многу од нив што скоро секоја ваша постапка потпаѓа под едно или друго ограничување. Не знам какви резултати можеме да очекуваме во Монако. Оваа патека е радикално различна од оние каде што настапивме оваа година. Се надеваме дека можеме да имаме добар викенд и да освоиме поени."
КИМИ: ФОРМУЛА 1 ИМА ПРЕМНОГУ ПРАВИЛА
5/19/2021 06:38:00 PM
0
Share to other apps



