Карлос Саинц Јр. финишираше на извонредното второ место за него, пред поранешниот тимски колега, Ландо Норис на последното скалило од Победничкиот подиум. Следни беа Перез, Ветел и Гасли, пред многу очајниот Хамилтон на седмото место.
Трката во Монако се врати во календарот по едногодишна пауза поради коронавирусот. Властите дозволија пристап на фановите, но само со нов негативен тест за Ковид-19, и иако трибините беше дозволено да пополнат само 40%, имаше чувство на прослава, постепено враќање во живот, особено бидејќи викендот се покажа како интересен.
За прв пат во историјата на Формула 1, возач од Монако ја освои Пол позицијата. Неговиот судир при вторите брзи круга ги уништи надежите на многу возачи, но немаше поплаки за однесувањето на Леклер, а инцидентот беше оценет како вистински.
Ферари беше загрижен за менувачот, а неговата замена ќе резултираше со казна од пет позиции, но се решија да го остават. Но, само што излезе од својата гаража и се упати кон својата стартна позиција, Моначанецот загрижено го извести својот инженер дека има проблем со болидот.
Тимот се обидуваше да направи нешто до последен момент, но наскоро беше утврдено дека Леклер нема да може да учествува на денешната трка, поради проблеми со левата страна на погонската оска.
Пол позиција остана празна. Макс Ферстапен започна од првиот ред, Ботас и Саинц Јр. од вториот, Норис и Гасли од третиот. Лидерот во шампионатот Луис Хамилтон стартуваше како седми. На стартот, Ботас се обиде да нападне, но Ферстапен го задржа водството. Мик Шумахер успеа да го претекне Мазепин.
Холанѓанецот се обиде да создаде разлика, но Ботас возеше со исто темпо, возачите разменија по неколку најбрзи круга, постепено оддалечувајќи се од Карлос Саинц Јр., кој сттабилно го држеше третото место. По првичните возбудувања, во понатамошниот тек на трката поредокот се одржуваше непроменет. Никој немапе шанса ни да се обиде да нападне.
Во таква ситуација први мораше да реагираа од Мерцедес АМГ, па во 30-от круг, беше повикан Луис Хамилтон, првиот возач кој ги смени гумите. Веќе во следниот круг во бокс беше повикан и Валтери Ботас, но неговите механичари никако не можеа да го отстранат предното десно тркало и по неколку обиди Финецот мораше да се повлече од трката.
Да биде катастрофата поголема, нити стратегијата со Хамилтон не успеа, па така не само што не излегоа пред Пјер Гасли, кој беше одличен заштитник на Ред Бул, туку изгбија позиција и од Себастијан Ветел, кој по својот пит-стоп успеа да излезе непосредно пред двајцата и со тоа си обезбеди Топ 5 пласман.
Во 69-от круг, Хамилтон повторно смени гуми, со кои го забележа набрзиот круг во трката и го освои доплнителниот еден поен. Победата на Ферстапен и четвртото место на Серџо Перез му го донесоа првото место на Ред Бул во шампионатот на конструктори, и по пет изминати трки се ресетираше борбата помеѓу нив и Мерцедес АМГ.
Карлос Саинц Јр. го забележа својот прв подиум со Ферари, а Ландо Норис го обезбеди вториот пласман на подиумот за тимот на Мекларен. Себастијан Ветел и Антонио Џовинаци ги забележаа своите први поени во сезоната.
Типична трка за кнежеството, возачите можеа да се борат за позиција само низ боксевите, во трката немаше престигнувања како резултат на напад на противникот, освен во првиот круг. За две недели борбата ќе продолжи на градската патека во Баку, но таа е тотална спротивност на Монте Карло.
| Голема Награда на Монако, Монте Карло. 78 круга, 260.286км., Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч38:56.820 |
| 2. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 8.968 |
| 3. | Ландо Норис | Мекларен | + 19.427 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | + 20.490 |
| 5. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
+ 52.591 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
+ 53.896 |
| 7. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 1.08.231 |
| 8. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1 круг |
| 9. | Естебан Окон |
Алпин | + 1 круг |
| 10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 11. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 12. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 13. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1 круг |
| 14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
| 15. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1 круг |
| 16. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 1 круг |
| 17. | Никита Мазепин | Хас | + 3 круга |
| 18. | Мик Шумахер |
Хас | + 3 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:12.909 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | пневматик |
| 20. | Чарлс Леклер | Ферари | не стартуваше |
|
ХИБРИДНА ЕРА - МОНТЕ КАРЛО 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:27.661 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:18.420 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч59:29.133 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч44:44.340 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч42:54.807 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч49.50.443 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч38:56.820 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 5/23 ТРКИ | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 105 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 101 | |
| 3. | Ландо Норис | 56 | |
| 4. | Валтери Ботас | 47 | |
| 5. | Серџо Перез | 44 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 40 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 38 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 24 | |
| 9. | Пјер Гасли | 16 | |
| 10. | Естебан Окон | 12 | |
| 11. | Себастијан Ветел | 10 | |
| 12. | Ленс Строл | 9 | |
| 13. | Фернандо Алонсо | 5 | |
| 14. | Јуки Цунода | 2 | |
| 15. | Антонио Џовинаци | 1 | |
| 16. | Кими Раиконен | 0 | |
| 17. | Џорџ Расел | 0 | |
| 18. | Николас Латифи |
0 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Никита Мазепин | 0 | |
| 21. | 0 | ||
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Ред Бул | 149 | |
| 2. | Мерцедес АМГ | 148 | |
| 3. | Мекларен | 80 | |
| 4. | Ферари | 78 | |
| 5. | Астон Мартин |
19 | |
| 6. | АлфаТаури | 18 |
|
| 7. | Алпин | 17 | |
| 8. | Алфа Ромео | 1 | |
| 9. | Вилијамс | 0 | |
| 10. | Хас | 0 | |






