Квалификациите се клучот за силен викенд. Во 2019 година, имаше возачи кои успеаја со една смеша на Пирели да останат на патеката околу 50 круга, од 78, така што претпочитаната опција со сигурност е едно застанување во бокс.
И покрај недостатокот од можности за претекнување, трката може да добие целосен пресврт во еден момент, место со најголеми шанси, 80%, за излегување на безбедносниот автомобил.
Има само 210 метри од Пол позицијата до првиот свиок, само Ред Бул ринг е пократок, нудејќи ограничени можности за поминување. Најдоброто место за обид за престигнување е 10-от свиок, т.е. веднаш по излегувањето од тунелот и силното сопирање за влез во шиканата.
Големата Награда на Монако која се состои од 78 круга има тенденција да биде релативно едноставна од стратегиска гледна точка, како трка со едно застанување во бокс, но со доста широк опсег за моментот на замена на гумите и бројни различни можности. Двете главни варијабли што ја регулираат стратегијата се безбедносните автомобили, честа појава во Монако и времето.
Иако се предвидува сува трка, временските услови на медитеранскиот брег во овој период од годината можат да бидат исклучително променливи. Топ 10-те возачите ќе ја започнат трката на црвените гуми, а тој избор веројатно ќе го имаа и повеќето возачи над 10-тата позиција.
Постои мала шанса некои возачи од последните стартни позиции да ја испробаат спротивната стратегија: прво да имаат стинт на потврдата смеша, пред да се префрлат на црвените гуми за финалниот стинт.
Разликите во квалификациите, кои завршија со драматичен крај, беа екстремно мали. Пол позицијата ја освои Чарлс Леклер со Ферари на црвените гуми, но тој имаше судир со бариерите во неговиот следен круг, стопирајќи ја сесијата на само неколку секунди до крајот.
Марио Изола, Пирели: "Имаше одредена еволуција на патеката за време на квалификациската сесија, иако патеката беше "ресетирана" по паузата во петокот, проследена со дожд преку ноќ. Како резултат, возачите мораа да се справат со условите на патеката што беа доста различни во споредба со четвртокот, што природно влијаеше и на загревањето и однесувањето на гумите."
"Од почеток до крај, сесиите беа крајно неизвесни, како што е вообичаено во Монако, без простор за грешка. Времето треба да биде суво, при што очекуваме стратегија со едно застанување во бокс, под нормални околности. Но, Монако останува еден од најнепредвидливите трки на годината, како што покажа драматичната завршница на квалификациите. Честитки за Чарлс Леклер за Пол позицијата на неговата домашна трка."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА МОНАКО СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 2. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - ФЕРАРИ | |
| 5. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 8. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 9. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 10. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 11. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 12. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 13. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 14. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 17. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 20. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






