Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на патеката Алгарве, Португалија.
ПОБЕДНИЦИ
Валтери Ботас, П1: "Работевме напорно за да ги откриеме проблемите со кои се соочував на квалификациите, ги поставивме работите како што треба и ова е резултатот, ова е веќе она како тоа треба да биде, па затоа сум среќен."
"На првите две трки, знаев дека брзината е тука, но мојот главен проблем беше загревањето на гумите. Се фокусиравме на тоа, научивме неколку лекции и секогаш знаев дека нашата напорна работа ќе се исплати."
"Клучно беше да останете смирени, да го спроведеме планот и да се фокусираме на малите детали, особено на подготвителните кругови.
Бевме посилни од очекувањата, што е позитивно изненадување, но тоа се само квалификации, веќе размислувам за утре. Знаеме дека Ред Бул имаат силен болид и очекуваме епска битка."
Луис Хамилтон, П2: "Не толку пријатна сесија, бидејќи не можев да забележам повеќе добри кругови, но не сум ни премногу фрустриран. Комплетирав само еден добар круг, а тоа беше во Q2."
"Секако дека би сакал да направev повеќе добри кругови, но патеката беше незгодна. Асфалтот е лизгав, гумите се премногу тврди, затоа ни требаа повеќе кругови за да ги донесеме во работна температура. Посакуваниот баланс се менуваше од секунда во секунда, во едем момент болидот работеше добро, а потоа перформансите паѓаа многу брзо."
"Валтери заврши одлична работа денес, a јас сега сум фокусиран на трката. Сега е време да ја пронајдеме вистинската стратегијата за утре и да видиме каде лежат можностите. Не е лесна патека за да се следи болид, но ќе видиме, се надевам дека имаме доволно добро темпо да се бориме за победа."
Себастијан Ветел, П10: "Се чувствувам посреќно по денешните квалификации. Стартуваме во Топ 10 и ќе бидеме во фокусот на голема борба за бодови. Пред нас е уште многу напорна работа, но работите почнуваат да кликнуваат, што ми помогна повеќе да се фокусирам на возењето."
"Сè уште го учам нашиот болид, но денес се чувствував поудобно во него. Условите беа незгодни, покрај сонцето, налетите на ветерот беа прилично непредвидливи и направија болидот да се чувствува прилично полетен."
"Мојот последен брз круг во Q3 не беше најдобар. Насоката на ветерот повторно се смени, и изгубив извесно време како резултат на тоа, што ме чинеше многу кога разликите се толку мали. Генерално, за мене, ова беа подобри квалификации. Да видиме што можеме да направиме на утрешната трка."
ГУБИТНИЦИ
Даниел Рикиардо, П16: "Фрустрирачки ден. Вчера имавме позитивен ден, па затоа никогаш не ни помислив дека денес ќе испаднам во првиот сегмент од квалификациите. Сè уште не сум сигурен каде се тргна наопаку, ќе треба подетална анализа."
"Q1 се одвиваше многу брзо и едноставно не добивме чисти кругови. Жолтите гуми ги чувствув прилично добро, и јас бев прилично среќен. Тогаш во првиот брз круг на црвените бев малку попречен од сообраќајот, и крајниот епилог беше неповолен за мене."
"Се обидов да продолжам веднаш со нов брз круг, но температурата на гумите брзо падна и едноставно немавме темпо. П16 е далеку од местото каде што сакам да бидам, не можам да поверувам дека сум на оваа позиција. Треба да го преспијам ова и утре да се разбудам подготвен да направам нешто подобро."
Ленс Строл, П17: "Тешка квалификациска сесија за мене, не успеавме да го надградиме нивото на перформанси што го покажавме вчера. Денес не ми беше многу пријатно во болидот и не можев да го извлечам максимумот."
"Сообраќајот на крајот од Q1 исто така не ми помогна и ме чинеше извесно време при вториот мој брз круг. Доста голема промена од вчера, така што треба да разбереме каде можеме да се подобриме и да се справиме подобро следниот пат."
"И покрај тоа што денешниот резултат е разочарувачки, мислам дека ќе бидеме посилни во трката. Така беше на претходните две трки. Ова е патека каде што лесно се претекнува и јас ќе се обидам да напредувам низ поредокот. Со силен прв круг и добра стратегија, мислам дека можеме да освоиме поени."
Макс Ферстапен, П3: "Третата позиција, се разбира, не е она што го посакувавме, но не е и премногу лоша откако ми беше избришано првото време, што всушност ќе нè ставеше на Пол позицијата. Со излетувањето во 4-от свиок, јас изгубив на време, плус заработив бришење на кругот."
"Немав добар баланс во Q1 и Q2 сегментите поради асфалтот на оваа патека, и сите беа во потрага по добар грип. Постигнавме пристојно ниво во Q3, па мислам дека не бевме премногу далеку. Ова беа квалификации на кои што можевте да завршите на Пол или сосема неочекувано на П3. Недостаток на грип, ги направи денешните квалификации непредвидливи."
"Мислам дека сме конкурентни и ќе биде поинаку на утрешната трка. Нашите долги стинтови беа ОК, и иако ќе биде тешко да се следи болидот пред тебе, поради ниското ниво на грип, ние прво ќе се фокусираме на добар старт, а потоа ќе извршиме притисок."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ПОРТИМАО
5/01/2021 08:39:00 PM
0
Share to other apps