ДРС-системот е од голема важност, а за оваа година се направени одредени промени. Единствената ДРС зона од минатодишната трка, на стартно/целниот правец е намалена за 165 метри, што може да влијае на претекнувањето во првиот свиок. Но, додадена е втора ДРС зона помеѓу четвртиот и петтиот свиок, а тоа е второто најдобро место за престигнување на оваа патека.
Трката со вкупно 66 круга скоро е сигурно дека ќе биде со едно застанување во бокс за повеќето возачи, од две главни причини. Прво, загубата на време за промена на гуми е голема, и второ, абењето и деградацијата на гумите се прилично ниски.
Со тоа што патеката Портимао е разумно широка и има добри места за претекнување (што се докажа со трката од минатата година), номинацијата на Пирели треба да им овозможи на возачите да притискаат силно и да одржат интересна трка.
Ниското абење и малата деградацијата треба да создадат доста широк прозорец за влегување во бокс, што значи дека тимовите ќе можат да ги прилагодат своите стратегии за да го искористат најдобриот можен момент за да застанат, обезбедувајќи ја позицијата на патеката.
Како и обично, времето на запирање ќе зависи и од температурата на патеката и воздухот, кои веројатно ќе бидат слични на вчерашните, или можеби малку потопло.
Валтери Ботас го освои пол позицијата пред неговиот тимски колега од Мерцедес АМГ, со возачите на Ред Бул на трета и четврта стартна позиција.
Возачите на Мерцедес беа единствените кои ги избраа жолтите гуми за своите последни возења во Q3, но и двајцата ги поставија своите најбрзи времиња во своите први брзи круга, користејќи ги црвените гуми.
За време на Q2 сесијата, која одредува со кои гуми ќе стартуваат најбрзите 10 возачи, повеќето од нив прво се обидоа со жолтите, додека само шестмина веднаш се решија за црвените.
На крајот, пет возачи од Топ 10 трката ќе ја започнат на жолтите гуми, и тоа возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул, и Чарлс Леклер со Ферари.
Налетените на ветер влијаеа на квалификациите и ја забавија патеката кон крајот на сесијата.
Марио Изола, Пирели: "Како што направија минатата година, Мерцедес АМГ ги избра жолтите гуми за финалните брзи кругови во Q3, но оваа година тие не беа во можност да ги подобрат времињата од првите брзи круга во Q3 поставени на црвените гуми."
"Стратегијата со едно застанување во бокс е најверојатна, но тимовите веројатно ќе имаат неколку различни опции кога станува збор за времето на запирање. Возачите во Топ 10 пласманот се поделени 50-50 за тоа на кои гуми ќе ја започнат трката. Тие што ќе стартуваат на жолтите гуми имаат поголема тактичка флексибилност, но ниту оние кои ќе стартуваат на црвените не се во неповолна положба."
"Квалификациите покажуваат дека сите три смеши треба да ја играат својата улога во трката, при што сите тие се исто така валидна опција за последниот стинт, во зависност од индивидуалните планови на возачите."
2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ПОРТУГАЛИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
5. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - ФЕРАРИ | |
6. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
8. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
9. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
11. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
12. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
13. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
14. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
15. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
16. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
17. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
19. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Ги споредивме најдобрите времиња на возачите на десетте тимови во квалификациите во Портимао во 2020 и 2021 година.
КОЈ ТИМ ИЗГУБИ, КОЈ НАЈМНОГУ НАПРЕДУВАШЕ | ||||
П. | TIM | 2020 | 2021 | РАЗЛИКА |
1. | АЛФА РОМЕО |
1:18.201 | 1:19.216 | + 1.015 |
2. | АЛПИН |
1:17.481 | 1:18.586 | + 1.105 |
3. | МЕКЛАРЕН | 1:17.183 | 1:18.481 | + 1.298 |
4. | ВИЛИЈАМС | 1:17.788 | 1:19.109 | + 1.321 |
5. | МЕРЦЕДЕС АМГ | 1:16.466 | 1:17.968 | + 1.502 |
6. | ФЕРАРИ | 1:17.090 | 1:18.769 | + 1.679 |
7. | РЕД БУЛ | 1:16.879 | 1:18.650 | + 1.771 |
8. | АСТОН МАРТИН |
1:17.129 | 1:18.970 | + 1.841 |
9. | АЛФАТАУРИ | 1:17.209 | 1:19.052 | + 1.843 |
10. | ХАС | 1:18.364 | 1:20.452 | + 2.088 |