Сообраќајот предизвика доста проблеми, голем број возачи ги "бакнаа" бариерите покрај патеката, но, само Леклер имаше сериозни проблеми, кога поради проблем со менувачот мораше да ја заврши сесијата многу брзо, по само 4 круга на асфалтот.
Додека неговите проблеми продолжуваат на домашниот терен, неговиот тимски колега Карлос Саинц Јр. беше импресивен победувајќи ги возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул на жолтите гуми. Останува да видиме дали тоа беше поради разликата во гориво или едноставно улиците на Монте Карло му лежат на Шпанецот.
Тесната градска патека бара прецизност и самодоверба. Минатата година, трката во Монако не се одржа, па овој викенд имаме четворица возачи кои ќе дебитираат на истата, Николас Латифи, Никита Мазепин, Јуки Цунода и Мик Шумахер. Тројца од нив се тркаа во Монако во младинските серии, додека Јапонецот прв пат се среќава со асфалтот на оваа историска патека за Формула 1.
Казни за лимити на патеката има и во Монте Карло, па за време на Т1 сесијата, беа избришани 11 времиња за излегување надвор од патеката во 10-тиот свиок. Карлос Саинц Јр., Серџо Перез и Никита Мазепин имаа по два такви прекршоци.
Што се однесува до Мекларен, покрај новиот изглед, Ландо Норис со пласман во топ 10, но Рикиардо имаше многу тивка сесија. Попречен од сообраќајот, тој сигурно не го извлече максимумот од неговиот болид.
Но, веќе научивме дека тие во петок имаат тенденција да возат со "вреќи песок" на тренинг сесиите, па ќе да почекаме сабота за да ни покажат нивниот целосен потенцијал.
Вториот тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни резултати следува во 15:00 часот.
| 2021 МОНАКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:12.487 | 36 | |
| 2 | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:12.606 | + 0.119 | 32 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:12.648 | + 0.161 | 39 |
| 4 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:12.929 | + 0.442 | 37 |
| 5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:12.995 | + 0.508 | 34 |
| 6 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:13.131 | + 0.644 | 36 |
| 7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:13.236 | + 0.749 | 31 |
| 8 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:13.732 | + 1.245 | 33 |
| 9 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:13.746 | + 1.259 | 39 |
| 10 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:14.081 | + 1.594 | 31 |
| 11 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:14.090 | + 1.603 | 33 |
| 12 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:14.106 | + 1.619 | 27 |
| 13 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:14.205 | + 1.718 | 37 |
| 14 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:14.268 | + 1.781 | 41 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:14.281 | + 1.794 | 36 |
| 16 | Естебан Окон | Алпин | 1:14.320 | + 1.833 | 37 |
| 17 | Никита Мазепин | Хас | 1:14.616 | + 2.129 | 33 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:14.801 | + 2.314 | 35 |
| 19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:14.840 | + 2.353 | 34 |
| 20 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:19.618 | + 7.131 | 4 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - МОНТЕ КАРЛО
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.271
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.750 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.537 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.425 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:12.126 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.106 2021 Серџо Перез - Ред Бул - 1:12.487 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||



