Колку гориво имаше во болидите на Ферари е непознато, но и покрај тоа, без долги правци, што оди во прилог на послабата Ферари ПЕ, оваа патека се чини дека добро им одговара.
Под претпоставка дека забележаните времиња не биле на последните капки гориво и зголемена моќност на ПЕ, тие изгледаат прилично добро во Монте Карло. Сепак, тренинг сесиите се само тренинг сесии, она вистинското доаѓа во сабота и недела.
Програмата беше традиционална, пронаоѓање на оптималниот баланс на болидите. Возачите ја започнаа сесијата на жолтите гуми, а многумина се жалеа на недостаток од грип, за потоа да се префрлат на црвените гуми на Пирели, по што времињата започнаа значително да се намалуваат.
Како и утрото, имаше неколку инциденти. Дебитантот во Монако, Јуки Цунода, имаше блиска средба со бариерите, минимално го оштети болидот, успеа да стигне до својата гаража, но тоа беше крај на сесијата за него. Деловите за поправки биле складирани на друго место, а тимот ќе добие пристап до нив по завршувањето на сесијата.
Како најдобар од останатите беше Ландо Норис со Мекларен, десетинка пред Пјер Гасли со АлфаТаури. Што се однесува до Рикиардо, повторно со слаб пласман. За разлика од Шпанецот во Ферари, тој едноставно изгледа дека ги нема истите нивоа на доверба во својот болид, кои што ги имаше во Ред Бул и Рено. Тој има дополнителен ден да ги спореди податоците и да види дали може да дојде до темпото на неговиот тимски колега.
За разлика од предпладневната сесија, Серџо Перез не можеше повеќе од осмото место на табелата, па и тој, како и Австралијанецот, треба да најде нешто специјално ако сака да биде на една од првите стартни позиции. Антонио Џовинаци и Себастијан Ветел го заокружија Топ 10 пласманот, со Кими Раиконен на П11, не многу далеку од нив.
Во 52-та минута, Мик Шумахер имаше судир со бариерите покрај третиот свиок, по што заработи дупната десна задна гума и оштетена амортизација, се обиде полека да стигне до боксот, но не успеа во тоа, по што беше приморан да го запре болидот на излез од тунелот.
Сесијата беше прекината за отстранување на остатоците и евакуација на неговиот болид. Со оглед што црвените знамиња беа развеани на 4 минути до крајот на тренингот, контролата на трката одлучи тоа да биде неговиот крај.
Имавме 27 избришани времиња поради излегување надвор од патеката во 10-тиот свиок, од кои најмногу беа на Луис Хамилтон, 5. За прв пат оваа година, Никита Мазепин го победи Мик Шумахер на двете трениг сесии.
Денес во Монте Карло беше топло, температурата на патеката има клучно влијание врз абењето и деградирањето на гумите, но и во такви услови, тие се покажаа доста ниски.
Ова сугерира дека во недела тимовите ќе ја изберат стратегијата со едно влегување во бокс, претпочитајќи да ги користат црвените и жолтите гуми.
Условите може да се променат до сабота, поради фактот што временската прогнозата најавува слаб дожд пред третиот тренинг, што ќе влијае на состојбата на асфалтот.
Квалификациите во сабота се закажани за 15:00 часот по наше време.
| 2021 МОНАКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:11.684 | 30 | |
| 2 | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:11.796 | + 0.112 | 31 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:12.074 | + 0.390 | 28 |
| 4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:12.081 | + 0.397 | 27 |
| 5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:12.107 | + 0.423 | 32 |
| 6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:12.379 | + 0.695 | 24 |
| 7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:12.498 | + 0.814 | 28 |
| 8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:12.708 | + 1.024 | 24 |
| 9 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.746 | + 1.062 | 28 |
| 10 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:12.982 | + 1.298 | 26 |
| 11 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:13.065 | + 1.381 | 31 |
| 12 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:13.175 | + 1.491 | 27 |
| 13 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:13.195 | + 1.511 | 26 |
| 14 | Естебан Окон | Алпин | 1:13.199 | + 1.515 | 28 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:13.257 | + 1.573 | 26 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:13.509 | + 1.825 | 32 |
| 17 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:13.593 | + 1.909 | 31 |
| 18 | Никита Мазепин | Хас | 1:14.407 | + 2.723 | 26 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:14.416 | + 2.732 | 25 |
| 20 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:14.829 | + 3.145 | 11 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - МОНТЕ КАРЛО
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:18.842 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:17.192 2016 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:14.607 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:12.720 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:11.841 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.118 2021 Чарлс Леклер - Ферари - 1:11.684 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||







