UPDATE: Kонечната одлука за судбината на болидот на Чарлс Леклер Ферари ќе ја донесе утре.
Голем број возачи беа во брз круг кога се појавија црвените знамиња, па секако тоа остава шанса за многу реакции/шпекулации за Q3 сесијата. Но, како што изјави Ботас, во Монако сè може да се случи, и тоа нормално се случи.
Возачите се свесни дека треба да имаат перфектен круг, а во случајот на Леклер тоа беше неговиот прв брз круг. Дали ќе останеше на Пол позицијата? Тоа е прашање на кое никој сега не може да одговори.
Без разлика дали утре ќе стартува втор или прв, Макс Ферстапен има големи шанси за победа. Во меѓувреме, неговиот конкурент за Титулата, Луис Хамилтон е на седмата стартна позиција на патека каде што престигнувањето е речиси невозможно.
Ретко е да се види Британецот толку надолу во поредокот, а ова е првпат да не се квалификува во Топ 6 од 2018 Германско ГП, која тој започна од 14-тата позиција, но на крај беше победник.
Валтери Ботас успеа да се квалификува на третата позиција, и ќе биде адутот на Мерцедес АМГ во борбата со Макс Ферстапен. Карлос Саинц Јр. ќе започне од вториот ред, забележувајќи го 4-тото најбрзо време, што би било одличен резултат, но не денес.
Шпанецот е разочаран, бидејќи се надеваше на многу повеќе, но како и многу возачи, она што можеше да го испорача во последниот круг ќе остане мистерија.
Што се однесува до третиот ред, таму се пласираа Ландо Норис и Пјер Гасли. Двајцата за многу ги надминуваат своите тимски колеги и во Монако ќе се обидат за забележат што е можно поголем број на поени.
Серџо Перез со 9-тото најбрзо време, но сигурно тоа не беше она на што се надеваше, бидејќи на тренинг сесиите изгледаше дека може да се бори за Топ 5 пласман. Дали е тоа резултат на проклетството на второто место во Ред Бул, за кое сите зборуваат во падокот?!? На Мексиканецот му се потребни подобри резултати, што побрзо, тоа подобро.
Антонио Џовинаци го заокружи Топ 10 пласманот на денешните квалификации.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МОНАКО - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:10.346 | |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:10.576 | + 0.230 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:10.601 | + 0.255 |
| 4. | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:10.611 | + 0.265 |
| 5. | Ландо Норис | Мекларен | 1:10.620 | + 0.274 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
1:10.900 | + 0.554 |
| 7. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.095 | + 0.749 |
| 8. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:11.419 | + 1.073 |
| 9. | Серџо Перез | Ред Бул |
1:11.573 | + 1.227 |
| 10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:11.779 | + 1.433 |
| Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:10.597 | ||||
| 11. | Естебан Окон |
Алпин | 1:11.486 | + 0.889 |
| 12. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:11.598 | + 1.001 |
| 13. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:11.600 | + 1.003 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:11.642 | + 1.045 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс |
1:11.830 | + 1.233 |
| Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:10.938 | ||||
| 16. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:12.096 | + 1.158 |
| 17. | Фернандо Алонсо | Алпин |
1:12.205 | + 1.267 |
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:12.366 | + 1.428 |
| 19. | Никита Мазепин | Хас | 1:12.958 | + 2.020 |
| 20. | Мик Шумахер |
Хас | DNS |
/ |
| 107% време: 1:15.904 | ||||
| ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - МОНТЕ КАРЛО 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:15.989 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.098 2016 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:13.622 2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:12.178 2018 Даниел Рикиардо Ред Бул - 1:10.810 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:10.167 2021 Чарлс Леклер - Ферари - 1:10.346 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||




