Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на патеката Монте Карло, Монако.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Моите чувства се помешани. Од една страна, неверојатно е да се биде на Пол позицијата. Бев прилично задоволен со мојот најбрз круг во Q3. Првиот сектор не беше идеален, но во вториот и третиот, беше одлично. Знаев дека можам подобро, но премногу форсирав во последниот круг."
"За жал, удрив во ѕидот и сега сè што можеме да сториме е да се надеваме дека штетата нема да резултира со казна.
Секако, нашите перформанси се охрабрувачки, но верувам дека тоа е еднократно, бидејќи патеката навистина добро одговара на карактеристиките на нашиот SF21. Затоа денес бевме толку конкурентни."
"Мора да имаме предвид дека сè уште не сме на ниво на двата тима кои водат во шампионатот, но засега се чувствувам одлично што денес го извлековме максимумот.
Без оглед на исходот, утре ќе дадам се од себе."
"Се чувствувам одлично на мој домашен терен, но и да ги видам фановите околу патеката. Тоа е Монако, многу е непредвидлив, а исто така предизвикувачки и за нас возачите, особено во трка со толку многу кругови. Тоа е голем предизвик и ќе се обидеме да склопиме сè за да добиеме добар резултат."
Карлос Саинц Јр., П4: "Денес беше многу фрустрирачки за мене. Возев добро цел викенд и бев многу силен во квалификациите. Се чувствував сигурен со болидот и имав многу силно темпо."
"За жал, мојот последен обид беше малку компромитиран од сообраќајот за време на подготвителниот период и потоа немав можност да го завршам брзиот круг поради црвеното знаме."
"Ова беше моја прва шанса да ја освојам Пол позицијата, тука во Монако и да се биде на П4 е навистина фрустрирачки. Јас не сум среќен."
"Утре ќе биде тешко да се престигне, но ќе дадам се од себе и ќе се обидам да ги максимизирам нашите шанси. Браво за тимот што денес ни даде силен болид да се бориме за врвот."
Антонио Џовинаци, П10: "Навистина сум среќен за нашиот прв пласман во Q3 оваа сезона. Ова е ден во кој ги склопивме сите коцки од мозаикот и конечно го добивме она што го заслужувавме некое време."
"Направивме се како што треба, болидот се однесуваше одлично од почетокот на викендот, тимот не испрати во вистинско време и го имавме добар круг кога беше најважно. Единствено жалење е црвеното знаме на крајот, бидејќи мислам дека тој круг ќе беше добар и можевме да имаме уште повисок пласман."
"Уште од Т1 се чувствував сигурен во болидот и тоа значи многу на патека како Монако. Утре ни треба повеќе од истото: чист старт, добра стратегија и добра трка. Се надеваме дека можеме да забележиме добар резултат, освојувајќи ги нашите први бодови."
ГУБИТНИЦИ
Мик Шумахер, DNS, П20: "Моето чувство во болидот беше многу добро, и сè уште е многу добро. Гледајќи го Т3, моите први кругови беа многу конкурентни, а ние бевме во борба со Алпин и Вилијамс, тоа е сензационално да се види."
"Во принцип, јас го исфорсирав болидот повеќе од потребното. Искрено, тоа е тоа и многу жалам за тимот. Изгубивме целосна сесија, пропуштајќи ги квалификациите. Стартуваме од П20 и ќе имаме многу работа за престигнување. Ова е посебна патека, посебно место, па се надевам дека трката ќе биде возбудлива."
"Ако можеме да ја внесеме таа возбуда во трката, тоа би било одлично. Ако можеме да го покажеме нашиот потенцијал и одредена брзина и ако имаме неколку убави потези, и тоа би било одлично."
Серџо Перез, П9: "Имав добар напредок во текот на квалификациите, а потоа во Q3, сесијата за која мислев дека ќе биде најлесната, се претвори во најлошата."
"Не го направивме напредок на кој се надевавме или очекувавме. Намалувањето на температурите не ми одговараше, па затоа го сменивме нашиот пристап кон последната сесија и тоа само ги влоши работите."
"Во последниот брз круг во Q3 имав сообраќај во последниот сектор, па изгубив круг. Знаеме колку се важни квалификациите во Монако, но утре ќе се обидеме да ја направиме најдобрата можна работа за да напредуваме кон врвот."
Фернандо Алонсо, П17: "Денес имав незгодна сесија и секогаш овде имаме хаотични квалификации, бидејќи се обидувате да најдете слободен простор. Но, мислам дека тоа не беше причина за елиминирање во Q1."
"Eдноставно не можевме да најдеме перформанси за време на целиот викенд и очекувавме многу повеќе од нашиот болид. Ќе биде многу тешко да се стартува од опашката, тука во Монако, но сè може да се случи на оваа трка."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МОНАКО
5/22/2021 08:44:00 PM
0
Share to other apps








