Тимот на Ред Бул за прв пат од 2013 година е лидер во генералниот пласман и кај возачите и кај конструкторите. Баку е единствената патека на која Серџо Перез има два пласмани на подиумот пред оваа 2021 година.
Тој исто така беше двапати на подиумот во Бахреин, но на различни конфигурации на патеката. Баку е и единствената патека на која Мексиканецот има повеќе пласмани на подиумот од Макс Ферстапен (2:1).
Тимот на Ред Бул e победник на првата Голема Награда на Азербејџан во 2017 година, благодарение на Даниел Рикиардо. Првата трка што се одржа во Баку беше ГН на Европа во 2016 година.
На 28 метри под морско ниво, Баку е најнискиот главен град во светот, и најниската патека во Ф1 календарот. Доколку Макс Ферстапен забележи победа, тој ќе има победа на најниската и највисоката патека, која е Мексико Сити со надморска височина од 2.240 метри.
- Какво е чувството по победата на трката во Монако и преземањето на врвот во генералниот пласман кај возачите, за прв пат во твојата Формула 1 кариера?
Макс Ферстепен: "Беше многу добар викенд и секако никогаш порано не сум застанал на подиумот, па затоа беше многу убаво да се дојде до победата. Преземањето на лидерската позиција во шампионатот е добро чувство, но таму треба да се биде на крајот од последната трка, тоа е сè што е важно."
"Позициите на кои што сме сега покажуваат дека имавме пристоен почеток на сезоната, но мора да продолжиме да притискаме, затоа што треба да се подобриме."
"Никогаш никој не е совршен или мирува во овој спорт. Досега направивме помали грешки, но ништо поголемо и затоа сме први во моментот, но сите знаеме дека тоа може многу брзо да се промени."
- Освен победата, што би издвоил од викендот во Монако?
Макс Ферстепен: "Имавме проблеми во четвртокот на тренинг сесиите, но тимот вложи многу напор да се осигура дека болидот ќе биде многу подобар во саботата."
"На почетокот немавме вистински поставки и не беше лесно да се вози болидот, но сите многу добро ги анализираа податоците и го направија болидот повторно да биде конкурентен за квалификациите."
"Исто така, многу е лесно да се направи грешка во Монако, мора да сте фокусирани во секој круг. Минатата недела се чувствував многу добро да ја предводам и контролирам трката. Сигурно немаше лесно да ја отфрлам мојата прва победа во Монако."
- Следува трка во Баку, дали е тоа патека која ти се допаѓа и што очекуваш од RB16B?
Макс Ферстепен: "Патеката е OK, но, да бидам искрен, веројатно не ми е омилена. Никогаш не сум бил на подиумот, па време е да го сменам тоа. Да видиме колку ќе сме конкурентни, сепак очекувам Мерцедес АМГ да биде многу посилен таму."
- Kолку си задоволен со резултатот од Монако, со оглед на тоа каде стартуваше и колку е тешко да се напредува низ гридот?
Серџо Перез: "Среќен сум што на крајот успеав да имам добар резултат, особено со оглед на тоа каде се квалификував по лошата сабота."
- Изминатата трка беше најбрзата во историјата на Монако. Ментално, колку е тешко да се биде фокусиран и концентриран во тие 78 кругови и да се остане близу бариерите?
Серџо Перез: "Ментално, беше многу тешко. Како и секогаш, во Монако е тешко да се задржи болидот во близина на бариерите, додека е на лимитот. Треба да знаете кога треба да притискате, а кога не, тоа е клучот!"
"Резултатот во неделата е голем поттик за тимот и ние дефинитивно сакаме да се задржиме на врвот, но не можеме да заборавиме дека тоа е само петтата трка од сезоната и пред нас има уште многу долг пат да се изоди."
- Следната трка во Баку е на уште една патека на која сте биле на подиумот. Дали уживате во оваа трка и дали одговара на болидот на Ред Бул?
Серџо Перез: "Навистина се радувам на Баку и се надевам дека ќе можам да имам силни квалификации, бидејќи докажав дека нашето тркачко темпо е добро, и може да се споредува со најдобрите. Треба само да ги подобрам саботите и тогаш се ќе биде подобро."
- Тимот на Ред Бул води во шампионатот на конструктори, дали тоа додава дополнителен притисок? Или, тоа дава дополнителна самодоверба?
Серџо Перез: "Не менува ништо. Ние мора да останеме реални и дека тоа е само петта трка од сезоната. Не е важно каде сме сега, важно е само каде ќе се заврши на крајот по трката во Абу Даби. Треба да продолжиме да работиме напорно како што работевме изминатите месеци."
МАКС: НЕМАМ ПЛАСМАН НА ПОДИУМОТ ВО БАКУ, ВРЕМЕ Е ДА ГО ПРОМЕНАМ ТОА
5/30/2021 01:20:00 PM
0
Share to other apps





