Начинот на доделување поени во Формула 1 шампионатот се смени во повеќе наврати. Во почетоците на врвниот мотоспорт беа издвојувани најдобрите резултати во сезоната. Ова понекогаш доведуваше до чудни ситуации.
Во 1950 година, Хуан Мануел Фанџо заработи 27 поени и ја заврши сезоната на второто место, а Луиџи Фаџиоли, кој всушност заработи 28 поени, беше трет, бидејќи беа земени во предвид само 24 поени.
Во 1988 година, Ален Прост забележа 11 поени повеќе од Аиртон Сена, но Бразилецот стана Шампион, бидејќи во игра беа единаесет најдобри резултати од сезоната.
На крајот, се покажа дека седум победи и четири втори места не се доволни за Прост да дојде пред Сена со неговите осум победи и три втори места.
Од 1991 година, во Формула 1, во игра се резултатите од сите трки.
Системот 10-6-4-3-2-1 важеше до 2003 година, но доминацијата на Михаел Шумахер и Ферари во раните 2000-ти резултираше со реформа на системот за бодување.
Ова се случи откако Шумахер постави нов рекорд во 2002 година, освојувајќи ја титулата на Големата Награда на Франција, шест трки пред крајот на шампионатот.
Во 2003 година беше одлучено да се намали разликата помеѓу првото и второто место од 4 на 2 поени, а во исто време да се прошири опсегот на озвојувачи на поени од шест на осум возачи.
Како резултат, системот за бодување започна да изгледа вака: 10-8-6-5-4-3-2-1.
Во оваа форма, поени се доделуваа до 2010 година, но по зголемувањето на бројот на тимови од десет на тринаесет, беше одлучено да се прошири опсегот на освојувачи на поени.
Бидејќи беше невозможно да се направи ова, задржувајќи ги претходните 10 поени за победа, поените беа помножени со фактор 2,5.
Така, се појави сè уште важечкиот систем на доделување поени: 25-18-15-12-10-8-6-4-2-1.
Во 2014 година, како експеримент на ГН на Абу Даби, последната трка од сезоната, поените беа дуплирани. Оваа одлука не доведе до големи пермутации во индивидуалниот поредок, а само Серџо Перез доби две позиции, па затоа ова пракса не продолжи во иднина.
Од 2019 година се добива еден дополнителен поен за возачот кој ќе го забележи најбрзиот круг на трката, но под услов тој да финишира во првите десет. Најновите измени до денес ќе се појават оваа сезона кога имаме доделување поени на тројца возачи кои спринт квалификациите ќе ги завршат на Топ 3 позициите во формат 3-2-1.
ИСТОРИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА БОДУВАЊЕ
5/30/2021 08:22:00 PM
0
Share to other apps





