На Пол Рикар престигнувањето не е баш лесно, првата позиција е важна, а на нејзе победува аеро ефикасен болид со моќна ПЕ. На изминатите две трки тоа беше болидот победник на квалификациската сесија. Да напоменеме повторно, почнувајќи од оваа трка, стапија на сила нови тестови за флексибилноста на аеродинамичките елементи, а по инцидентите во Баку, Пирели започна повнимателно да го следи почитувањето на нивните препораки за температурата и притисокот на гумите, но ова скоро и да немаше ефект врз распоредот на силите.
Во Q1 сесијата, сите возачи на патеката излегоа на црвените гуми, но штом се започна со поставување на брзи кругови, таа беше стопирана. Јуки Цунода, откако се изврте на излезот од првиот свиок, неговиот болид заврши во бариерите покрај патеката. Немаше видливи оштетувања, но, Јапонецот не можеше да уфрли во брзина, па неговиот болид мораше да биде евакуиран.
Сесијата продолжи по 10-минутна пауза. Макс Ферстапен го имаше најбрзото време, а испаднаа Латифи, Раиконен, Мазепин, Строл и Цунода. Првиот обид на Ленс Строл беше поништен поради непочитување на лимитите на патеката, при 6-от свиок, за втор немаше време по излетувањето на Мик Шумахер.
Германецот на 22 секунди пред крајот на сесијата, изгуби контрола врз болидот на Хас во шестиот свиок, по што беа развеани црвените знамиња. Беше одлучено тоа да биде крај на Q1. Со тоа, по прв пат оваа сезона болид на Хас успеа да го помине овој сегмент од квалификациите.
На стартот од Q2 сесијата, сите освен Џорџ Расел за својот прв брз круг се одлучија за жолтите гуми на Пирели. Најдоброто време го забележа Луис Хамилтон, возејќи серија од неколку кругови.
При вторите излегувања на патеката, Џовинаци, Рикиардо и Перез возеа со црвени, останатите со жолти. Валтери Ботас успеа да биде најдобар, а квалификациите беа завршени за Окон, Ветел, Џовинаци и Расел. По оштетувањата на својот болид Мик Шумахер не беше во можност да учествува во сесијата.
Досега Ред Бул, т.е. Макс Ферстапен е непобедлив во квалификациите на црвените гуми, па така веднаш по првата серија го забележа најбрзото време, четири десетинки пред Хамилтон. Кругот на Пјер Гасли беше избришан.
Во вторите обиди, за разлика од претходните квалификации кога немаше значителни подобрувања, сите Топ 10 возачи успеаа да се подобрат, но лидерот остана ист. Макс Ферспатен ги заврши квалификациите за четвртина од секундата пред Луис Хамилтон.
2021 ГН ФРАНЦИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.990 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.248 | + 0.258 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:30.376 | + 0.386 |
4. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.445 | + 0.455 |
5. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:30.840 | + 0.850 |
6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.868 | + 0.878 |
7. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:30.987 | + 0.997 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:31.252 | + 1.262 |
9. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:31.340 | + 1.350 |
10. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:31.382 | + 1.392 |
Q2 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:30.735 | ||||
11. | Естебан Окон |
Алпин | 1:31.736 | + 1.001 |
12. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:31.767 | + 1.032 |
13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:31.815 | + 1.078 |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:32.065 | + 1.330 |
15. | Мик Шумахер |
Хас | / | / |
Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:31.001 | ||||
16. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:33.062 | + 2.061 |
17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:33.534 | + 2.353 |
18. | Никита Мазепин | Хас | 1:33.554 | + 2.553 |
19. | Ленс Строл | Астон Мартин | 2:12.584 | + 41.583 |
20. | Јуки Цунода | АлфаТаури | / | / |
107% време: 1:37.371 | ||||
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:30.029 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:28.319 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:29.990 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |