Патеката има рамномерна распределба на свиоци кои се поминуваат со големи, средни и мали брзини. Изградена е во 1969 година благодарение на длабоките џебови на индустрискиот магнат Пол Рикар. Беше отворена на 19 Април 1970 година со трка на дволитарски автомобили пред Формула 1 да стане главен настан една година подоцна.
Имаше само 29 претекнувања по првиот круг од трката во 2019 година, што беше под просекот за таа година. Со толку изедначени болиди, мала деградација и историски малку прекини, претекнувањето е потешко.
Патеката е реасфалтирана за оваа година, фрлајќи дополнителна непознаница за тимовите. Големите зони за излетување можеби изгледаат неопасни, но абразивните ленти кои имаат за цел забавување на болидите, премногу ги трошат гумите. Големата награда на Франција се состои од 53 круга, а најбрзата стратегија е со едно застанување во бокс. Со оглед на тоа што сите возачи од Топ 10 избраа да стартуваат на жолтите гуми, логична стратегија за нив е почетен стинт на жолтите гуми, за потоа да се префрлат на белите.
Истата стратегија може да биде главен избор и на возачите кои ќе стартуваат над 11-тата позиција. Дел од нив може да одберат да стартуваат на белите гуми, а потоа да се префрлат на жолтите или црвените гуми подоцна во трката.
Стратегијата со едно застанување со избор на црвените и жолтите гуми е малку веројатна, особено ако времето е топло, така што единствена друга опција би бил избор на почетен стинт на црвените гуми, но со добро менаџирање на истите, па завршен стинт на белите гуми. Дождот кој паѓаше во текот на ноќта, може да влијае на стратегијата со гумите.
Марио Изола, Пирели: "Речиси едногласната одлука дека жолтите гуми се најдобриот избор за поставување на најбрзото време во Q2 сесијата ни дава прилично добра идеја за тоа што можеме да очекуваме од стратегијата на трката."
"Жолтите гуми нудат поголема издржливост од црвените без многу влијание на перформансите на болидот. Но, со оглед на тоа што сите топ 10 ќе ја стартуваат трката на жолтите гуми, тоа им остава на возачите кои стартуваат зад нив да пробаат поинаква стратегија и потенцијално да добијат предност во раните фази на трката."
"Ова би можело да биде реална опција по дождот во текот на ноќта и ако имаме намалување на температурите, што во игра може да ја врати најмеката смеша. Честитки за Макс Ферстапен и Ред Бул за Пол позицијата, која што е 250-та за Пирели во Формула 1."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ФРАНЦИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 5. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 8. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 9. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 10. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 11. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 12. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 13. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 14. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 15. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 16. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 18. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 19. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 20. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






