Себастијан Ветел ја заврши драматичната трка низ улиците на Баку на второ место, забележувајќи го најдобриот резултат во сезоната, како и Пјер Гасли, кој се искачи на третото скалило на подиумот.
Ова беше само трета трка од почетокот на хибридната Ф1 ера, Мерцедес АМГ да не забележи нити еден поен. За две недели борбата ќе продолжи на Пол Рикар, со Француското Гран При започнува серија од три последователни трки.
Викендот во Баку беше интересен од првиот ден. Незгодна градска патека, лизгав асфалт, проблеми со гуми, многу инциденти и црвени знамиња на секоја сесија. Оваа трка секогаш има своја драма, која недостасува на стандардните патеки. Пред стартот, имаше едноминутно молчење во спомен на поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли и Мансур Оџи, долгогодишен Претседател на Управниот одбор на Мекларен, кој почина денес.
На стартот, Леклер го задржа водството по првиот свиок пред Хамилтон и Ферстапен. Најдобар старт имаше Серџо Перез, кој успеа да излезе пред Карлос Саинц Јр. и Пјер Гасли на П4. Назад на гридот, Мик Шумахер удри во болидот на Строл, но и двајцата продолжија да се движат. Себастијан Ветел успеа да го претекне Валтери Ботас, додека Ландо Норис падна на П12 по првиот круг. Исто така, Фернандо Алонсо изби пред Јуки Цунода.
Ферарито на Чарлс Леклер се спротистави на моќниот Мерцедес АМГ само два круга, и веќе во третиот Луис Хамилтон го престигна Моначанецот за водство во трката. Следуваше откажување на Рено ПЕ во болидот на Естебан Окон, кој во 4-от круг мораше да се паркира во својата гаража.
На возачите на Ред Бул им беа потребни 7, т.е. 8 круга да го престигнат Ферарито на Леклер, прво Макс Ферстапен за второто место, а потоа Серџо Перез за третото место. Јуки Цунода успеа да си ја врати позицијата од Фернандо Алонсо.
Неколку круга порано од предвиденото, Топ 10 возачите полека започнаа да влегуваат во своите боксеви да ги променат потрошените црвени гуми. Алонсо и Норис тоа го направија во 9-от, Леклер во 10-от, Саинц Јр. во 11-от, Луис Хамилтон во 12-от круг, кој што имаше мало доцнење поради гужва во пит-линијата предводена од Пјер Гасли.
Шпанецот во Ферари со уште незагреаните бели гуми, имаше излетување во една од безбедносните зони, кога ги блокираше предните тркала. Успеа да остане надвор од бариерите, но неговата трка беше уништена.
Пред трката повеќето аналитичари прогнозираат дека на оваа патека UNDERCUT е сериозна опција, па можеби тоа е она што стратегистите на Мерцедес АМГ го бркаат кога се решија први да дејствуваат во однос на своите најблиски ривали, возачите на Ред Бул. Но, во меѓувреме тие започнаа да ги бележат своите најбрзи круга до тој момент и кога ги променија излегоа пред Британецот.
Прво во 13-от круг, Холанѓанецот имаше комотна предност, враќајќи се на патеката пред Хамилтон, но во следниот круг Серџо Перез имаше нетипично бавен пит-стоп за Ред Бул, по што Мексиканецот на патеката се врати непосредно пред Мерцедесот на Хамилтон, кој веднаш се обиде да нападне, но Перез успеа да се одбрани. Своите гуми најдоцна ги смени Себастијан Ветел, во 19-от круг, нешто што подоцна се покажа одлучувачко за неговиот пласман на подиумот.
Во 20-от круг Топ 10 поредокот на патеката беше Ферстапен, Перез, Хамилтон, Строл, Гасли, Леклер, Ветел, Цунода, Норис, Ботас. Мерцедесот на Финецот, како што напомена и Тото Волф беше целосно "раштелуван" па со таков болид на градска патека нема што да се бара. Дали Ботас целосно ја изгиби неговата фокусиранот или е нешто друго во прашање, ќе видиме на следните трки.
Настаните на асфалтот се смирија и гледавме досадна трка се до 31-от круг, кога започнаа инцидентите со гумите на Пирели. Левата задна гума на болидот на Ленс Строл се распадна на главниот правец, Канаѓанецот ја изгуби контролата и заврши во бариерите покрај патеката.
Следуваше период на безбедносниот автомобил. Местоположбата на која заврши болидот на Астон Мартин не дозволуваше отварање на боксевите. Тоа беше направено во 34-от круг, кога за промена на гуми се решија Алонсо, Џовинаци, Расел, Шумахер.
Трката беше рестартирана во 36-от круг. Лидерот го задржа водството, пред својот тимски колега и Мерцедесот на Хамилтон. Промени во позициите имаше кога Себастијан Ветел успеа да ги претекне Леклер, во следниот и Гасли. Фернандо Алонсо и Кими Раиконен го престигнаа Валтери Ботас. Па така, Топ 10 поредокот по 40-от круг беше Ферстапен, Перез, Хамилтон, Ветел, Гасли, Леклер, Цунода, Норис, Саинц Јр., Рикиардо.
Во 47-от круг имавме реприза на ситуацијата со Ленс Строл, и тоа со не било кој туку со водечкиот во трката Макс Ферстапен. Холанѓанецот заработи дупната гума малку подалеку од местото каде тоа се случи со Строл, изгуби контрола врз својот болид, што е очекувано, но и опасно при таа брзина, по што имаше контакт со бариерите покрај патеката.
Безбедносниот автомобил веднаш излезе на патеката, но неколку моменти подоцна Мајкл Меси, се реши да ја стопира трката од безбедносни причини. Возачите се упатија кон пит-линијата каде можеа да сменат нови гуми, но и оштетени делови од болидите. Во тимот на Мерцедес АМГ го променија предното крило на болидот на Луис Хамилтон. Топ 10 поредокот беше Перез, Хамилтон, Ветел, Гасли, Леклер, Цунода, Норис, Саинц Јр., Рикиардо, Алонсо.
Прекинот се одолговлече и по долги 40 минути беше најавено рестартирање на трката со стоечки старт. Зелените светла го отворија излезот од пит-линијата и возачите се упатија кон своите стартни позиции на главниот правец за спринт трка од два круга. Николас Латифи доби казна од 10 секунди затоа што не влегол во боксот по налог на директорот на трката. Џорџ Расел запре во една од безбедносните зона поради проблеми со менувачот и не ја продолжи трката.
Со гаснењето на црвените светла, Луис Хамилтон го нападна Серџо Перез, и кога сите видовме како го презема водството по првиот свиок, тој ги прецени можностите на своите сопирачки и продолжи право во зоната за излетување при првиот свиок. Како што подоцна удел во целата ситуација имаше и вклучениот регулаторот за балансирање на сопирачките(загревање на истите кога сте зад безбедносниот автомобил).
Целото оптоварување било на предните тркала, па така неговиот болид немаше време навреме да забави. Британецот на патеката се врати на 16-тото место. Фернандо Алонсо надомести четири позиции, за најдобриот негов пласман со болидот на Алпин.
Веднаш по завршувањето на трката, инженерот на Серџо Перез му нареди да го запре болидот на патеката, неколку метри по минување на целната линија. Мексиканецот имал проблеми со хидрауликата на РБ16Б, која што можеше да му ја одземе толку посакуваната победа.
UPDATE: Првичната анализа на Пирели покажала дека гумите се дупнале како последица на остатоци на патеката. Посекотина била пронајдена и на една од гумите на Луис Хамилтон.
| Голема Награда на Азербејџан, Баку. 51 круг, 306.306км., Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Серџо Перез | Ред Бул | 2ч13:36.410 |
| 2. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1.385 |
| 3. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 2.762 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 3.828 |
| 5. | Ландо Норис | Мекларен | + 4.754 |
| 6. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 6.382 |
| 7. | Јуки Цунода |
АлфаТаури |
+ 6.624 |
| 8. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 7.709 |
| 9. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 8.874 |
| 10. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 9.576 |
| 11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 10.254 |
| 12. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 11.264 |
| 13. | Мик Шумахер | Хас | + 14.241 |
| 14. | Никита Мазепин | Хас | + 14.315 |
| 15. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 17.668 |
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | + 42.379 |
| 17. | Џорџ Расел | Вилијамс | не заврши |
| 18. | Макс Ферстапен | Ред Бул | не заврши |
| НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:44.481 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Ленс Строл |
Астон Мартин |
гума |
| 20. | Естебан Окон | Алпин | дефект |
| ХИБРИДНА ЕРА - БАКУ 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:52.366 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 2ч03:55.573 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч43:44.291 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч31:52.942 2021 Серџо Перез - Ред Бул - 2ч13:36.410 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 6/23 ТРКИ | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 105 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 101 | |
| 3. | Серџо Перез | 69 | |
| 4. | Ландо Норис | 66 | |
| 5. | Чарлс Леклер | 52 | |
| 6. | Валтери Ботас | 47 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 42 | |
| 8. | Пјер Гасли | 31 | |
| 9. | Себастијан Ветел | 28 | |
| 10. | Даниел Рикиардо | 26 | |
| 11. | Фернандо Алонсо | 13 | |
| 12. | Естебан Окон | 12 | |
| 13. | Ленс Строл | 9 | |
| 14. | Јуки Цунода | 8 | |
| 15. | Кими Раиконен | 1 | |
| 16. | Антонио Џовинаци | 1 | |
| 17. | Мик Шумахер | 0 | |
| 18. | Џорџ Расел |
0 | |
| 19. | Никита Мазепин | 0 | |
| 20. | Николас Латифи | 0 | |
| 21. | 0 | ||
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Ред Бул | 174 | |
| 2. | Мерцедес АМГ | 148 | |
| 3. | Ферари | 94 | |
| 4. | Мекларен | 92 | |
| 5. | АлфаТаури | 39 | |
| 6. | Астон Мартин | 37 |
|
| 7. | Алпин | 25 | |
| 8. | Алфа Ромео | 2 | |
| 9. | Хас | 0 | |
| 10. | Вилијамс | 0 | |







