Трката во 2019 година имаше четврта највисока количина на претекнувања во таа сезона, 57 по првиот круг, од кои 49 (86%) беа со помош на ДРС-системот.
Патеката во Баку со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Останува на тимовите да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Претекнувањето е споредливо со Австрија и Бахреин, патеки каде тоа е лесно остварливо, така што стратегијата со боксевите е повеќе оптимална, отколку реакционална. Загубата на време за влез во бокс е околу 21-секунди, со што патеката во Баку е една од побрзите во однос на оваа карактеристика на трката.
Стратегијата е водена од деградација на гумите, а Пирели ги донесе своите најмеки и најмалку издржливи смеши C3, C4 и C5. Безбедносниот автомобил има потенцијал да влијае на стратегиите затоа што веројатноста за прекин на трката е голема.
Номинираните смеши за овогодинешната трка во Баку се чекор помеки во споредба со 2019 година, но од Пирели очекуваат дека ќе гледаме трка со едно застанување во бокс. Оние кои се должни да стартуваат на црвените гуми, со други зборови, најбрзите 10 возачи на вчерашните квалификации, најверојатно ќе користат стратегија црвени-бели гуми, иако таа дава многу помала флексибилност во пит-стопот.
Друга добра опција, што може да ја користат оние надвор од првите 10, е старт на трката на жолтите гими, за потоа да се префлат на белите гуми, особено ако температурата на асфалтот надмине 50 степени. Оваа стратегија има доста широка временска рамка за влегување во бокс за промена на гумите.
Од друга страна, постои голема веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, како што покажаа црвените знамиња на квалификациите. Доколку има период на безбедносниот автомобил, ова дава можност за "слободен" пит-стоп, па стартот на црвените, помеки и побрзи гуми може да биде поволно.
За разлика од Монте Карло, позицијата на патеката не е толку важна, а престигнувањето е далеку полесно.
Марио Изола, Пирели: "Годинешните квалификации во Баку беа едни од најнепредвидливите и најпрекинати сесии на кои што можеме да се сетиме! Генерално, возачите ги користеа црвените гуми, бидејќи со толку блиски разлики на овој долг круг, тоа беше најбезбедната опција да бидете сигурни дека ќе ја поминете Q2 сесијата, особено со голем ризик од прекини."
"Ова значи дека сите Топ 10 возачи трката ќе ја започнат на црвените гуми, што веројатно ги приморува на стратегија со едно застанување во бокс, со почетен стинт на најмеката смеша, а потоа завршен стинт на белите гуми."
"Во Баку повторно се очекуваат високи температури, па возачите со слободен избор на гуми, може да имаат одредена предност со започнување на трката на потврдата смеша, која ќе им овозможи подолг првичен стинт со што може да се добие позиција на патеката или да се има поголема флексибилност во пит-стоп стратегијата."
"Како што веќе видовме во бурните квалификации, ова е патека каде апсолутно сè може да се случи. Четири различни тимови на првите четири позиции на гридот ја истакнуваат блиската конкуренција на оваа спектакуларна градска патека. Во еден момент имавме болиди разделени во илјадити дел од секундата по шест километарскиот круг. Честитки за Ферари и Чарлс Леклер за втората последователна Пол позиција."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 5. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 6. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 7. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 8. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| * казна 3 позиции | 9. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН* |
| 10. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 12. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 13. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 14. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 18. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 19. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 20. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|









