Од следната Ф1 сезона болидите од врвниот мотоспорт ќе имаат драстично изменет изглед, истовремено со претставување на новите техничка прописи. Од Италијанскиот веб-портал LiveGP велат дека дошле до фотографии од макетата на 2022 болид што ја подготвиле од Либерти Медиа за презентација на патеката Силверстоун, место каде се одржа првото Гран При во модерната историја на Формула 1.
Оваа макета, се разбира, не е болид на одреден тим, бидејќи сите тимови сеуште работат на развој и конструкција на нивните 2022 болиди и тоа под најстрога тајност. Ова е ревијален болид/макета создаден за да и открие на јавноста пример како би изгледале болидите од следната година.
Според она што можеме да го видиме, концептот на Либерти медиа е направен според досега претставените дигитални фотографии и не донесува ништо ново, туку само макета во реална големина.
Според новите правила аеродинамиката ќе биде поедноставна, а главната новина ќе биде враќањето на "ground" ефектот, што би требало да овозможи полесно следење на болидот пред себе , а со тоа и повеќе претекнувања. Предните и задните крила добиваат поагресивна форма, давајќи му на болидот пофутуристички изглед.
Очигледно дека ова е само замисла на Либерти Медиа, која сигурно ќе се разликува од болидите што тимовите ќе ги конструираат за следната сезона. За тоа колку ќе се разликуваат ќе треба да почекаме до официјалните презентации на тимските болиди, кои ќе се одвиваат во првите месеци од 2022 година.
2022 БОЛИДИТЕ ЌЕ БИДАТ ФУТУРИСТИЧКИ, НО ДАЛИ И ПОБРЗИ
6/22/2021 02:08:00 PM
0
Share to other apps