Возачите на Ферари, Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер стартуваа петти и седми, но не успеаа да ја завршат трката во Топ 10 пласман. Тоа значеше дека за прв пат оваа сезона не освоија нити еден поен, па тимот на Мекларен се врати на третото место во шампионатот на конструктори и тоа со завидна бодовна разлика. Тимот го објасни овој резултат со силната деградација на гумите за време на трката.
Карлос Саинц Јр., П11: "Денес не се претставивме на најдобар начин, болидот немаше доволно брзина. Деградацијата на гумите започна од првите кругови и таа беше главен проблем во текот на целата трка, без оглед на избраната смеша."
"Дадов се од себе, но не можев да ја задржам почетната позиција. Треба да ја разбереме причината за проблемите и да пронајдеме решение."
"Ако има тим што може да го направи ова, тоа е секако Ферари. Пред нас се две последователни трки во Австрија и сигурен сум дека повторно ќе се подобриме."
Чарлс Леклер, П16: "Денешната трка беше многу тешка за нас. Карлос и јас имавме проблеми со гумите на двете смеши кои ги имавме избрано за трката. Кон крајот, направивме уште еден пит-стоп по што излегов на патеката на нови жолти гуми, колку да видиме дали со нив можевме да направиме нешто подобро."
"Се повтори истата приказна, како и во првиот стинт, се беше во ред три или четири круга, а потоа следеше силна деградација. Ова беше нашата главна слабост, треба да ги разбереме причините и да се подобриме."
Матија Биното, тимски шеф: "Многу тешка трка, на која останавме без поени. Ефикасноста на гумите во голема мера влијаеше на нашите перформанси. Тешко е да се прифатат ваквите резултати, но ќе донесеме заклучоци и решени сме да одиме напред. Вакви трки го прават тимот посилен."
ФЕРАРИ ЗА ПРВ ПАТ СЕЗОНАВА БЕЗ ПОЕНИ
6/21/2021 02:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps



