Пирели, заедно со ФИА, ја заврши анализата на левите задни гуми, вклучени во инцидентите на Ленс Строл и Макс Ферстапен за време на неодамнешната Гоелма Награда на Азербејџан.
Анализа е извршена во споредба со гумите на другите болиди кои поминале исто или повеќе растојание во споредба со оштетените. Процесот утврди дека на ниту една гума нема дефект во производството или квалитет, ниту, пак знаци на замор или раслојување.
Јасно се идентификувани причините за дватаинциденти кај болидите на Астон Мартин и Ред Бул. Во двата случаи, ова се случи поради прекин долж обемот на внатрешниот страничен ѕид, што може да биде поврзано со условите на работа на гумата, и покрај пропишаните параметри за стартување (минимален притисок и максимална температура на покривките за загреање).
Резултатите од оваа анализа, Пирели ги достави до ФИА и тимовите. ФИА и Пирели усогласија нов сет на протоколи, ажурирана техничка директива за следење на параметрите за работа за време на тркачките викенди и ќе разгледаат преземање на други соодветни дејствија.
Од Ред Бул излегоа со кратко соопштение во кое се вели дека тесно соработувале со Пирели и ФИА за време на нивната истрага и дека се придржувале до сите параметри препорачани од Пирели и немале проблеми со болидот пред инцидентот. Благодарни се нема повредени возачи по инцидентите што се случија при голема брзина.
ПИРЕЛИ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАГАТА
6/15/2021 11:40:00 PM
0
Share to other apps


