Според повеќето шпекулации, Ферари до почетокот на летниот дел од сезоната требаше да се одлучи кој концепт на погонска единица ќе се најде во болидите на италијанскиот тим во 2022 година. Британскиот THE-RACE денес објави одредени детали.
Од следната сезона, развојот на ПЕ ќе биде стопиран до крајот на 2025 година, па затоа е особено важно производителите да не донесуваат погрешни одлуки. Од 2019 година, Ферари работи на два проекти паралелно. Првиот е развој на тековната ПЕ, која што покажувала подобри резултати на динамометрите во Маранело.
Но, тимот одговорен за вториот проект, многу порадикален концепт на ПЕ од првиот, имал значителен чекор напред во резултатите, што го сменил балансот на силите во нивна корист.
Тој е предводен од Волф Цимерман, кој претходно работеше за австриската компанија AVL, која соработуваше со неколку производители на мотори за Формула 1.
Како што пишува порталот, покрај новиот распоред на интеркулерот, и зголемување на ефикасноста на електричниот дел од инсталацијата, како главна новина се смета начинот на согорување.
Суштината на новата технологија се сведува на ултра-брзо палење на горивото и употреба на технички решенија што ја прават мешавината за согорување турбулентна, што обезбедува побрзо ширење на пламенот низ целата комора. Ова ќе доведе до поефикасно согорување во услови на максимален дозволен притисок од 500 бари.
Во исто време, Ферари ќе го задржи традиционалниот распоред, и нема да премине на концептот на посебна турбина, што ја користат Мерцедес АМГ и Хонда. Ова, во комбинација со другите промени, ќе ја направи 2022 Ферари ПЕ покомпактна од сегашната.
Бидејќи од Алпин веќе најавија дека од идната сезона преминуваат на победничкиот во моментов концепт, следната сезона само во погонската единица на Ферари, турбината и компресорот ќе бидат поставени заедно.
ФЕРАРИ ЌЕ РИЗИКУВА, НАЈАВЕН РАДИКАЛЕН КОНЦЕПТ НА ПОГОНСКАТА ЕДИНИЦА
6/09/2021 10:15:00 PM
0
Tags
Share to other apps



