Битката на вторите возачи на истите тимови ја доби Серџо Перез кој се искачи на третото скалило на подиумот.
Ова беше трета последователна победа за Ред Бул, со што го зголемија водството во генералниот пласман на конструктори во однос на Мерцедес АМГ.
Мекларен го победи Ферари, кој остана без нити еден поен на патеката Пол Рикар. Битката ќе продолжи во Австрија следната недела.
Големата награда на Франција се врати во календарот по пауза од една година, отворајќи ја првата серија во 2021 сезоната од три последователни трки. За прв пат во последните неколку години, до седмата трка од сезоната немаме јасен фаворит, и покрај очигледната предност на Мерцедес АМГ во тркачко темпо во однос на Ред Бул. Пред денешната трка, двата тимови имаа по три победи.
Можеби сме досадни, но фактот што од Француското Гран При стапија на сила новите тестови за флексибилноста на задните крила, ја прави денешната Победа на Макс Ферстапен уште поубедлива. Исто така и Пирели има поголема контрола врз притисокот на гумите, кој од безбедносни причини беше зголемен во задните тркала. Ова најмногу ги погоди болидите на Ферари, па Карлос Саинц излезе со изјава: "Нашиот болид два пати побрзо ги "јаде" гумите во однос на другите тимови."
На стартот, Ферстапен ги прецени можностите на својот болид и излета надвор од патеката во првиот свиок, по што го предаде водството на Луис Хамилтон. Ботас и Перез ги задржаа своите позиции. Надолу во поредокот, Фернандо Алонсо успеа да го престгне Леклер, но Моначанецот ја врати позицијата. Слаб старт за Ландо Норис кој изгуби две места.
Првите тројца, Хамилтон, Ферстапен, Ботас возеа со изедначено темпо, разменувајќи ги најбрзите кругови и се одвојуваа напред пред останатите возачи. Следува грешка на Ботас кој имаше кратка екскурзија надвор од патеката, што му овозможи на Холанѓанецот малку да здивне. Топ 10 редоследот во 15-от круг беше: Хамилтон, Ферстапен, Ботас, Перез, Саинц Јр., Гасли, Рикиардо, Леклер, Норис, Ветел.
Во тој круг започнува влегувањето во бокс, прв своите механичари ги посети Чарлс Леклер, уште еднаш потврдувајќи го проблемот на Италијанците со преголемата деградација на пневматиците за која немаат решение при потопло време. Валтери Ботас влегува во 18-от, по трката Тото Волф изјави дека тоа било принудно влегување кое ја уништи нивната трка и шанса за победата.
Можеби тоа беше причина за реагирањето на Ред Бул со Макс Ферстапен веќе во следниот круг. На Валтери Ботас не му успеа да го претекне Холанѓанецот за второто место, но тоа му успеа на Макс по влегувањето во бокс на Луис Хамилтон. Во Мерцедес АМГ се чудеа каде изгубија речиси 3 секунди предност во само два круга. Луис го притисна Макс, но разликата во брзината не беше доволна за напад.
Холанѓанецот се жалеше на големо абење на гумите, а неколку круга подоцна и Луис Хамилтон, кој возеше веднаш зад болидот на Ред Бул, забави за да ги заштеди гумите и за подоцнежен напад, очекувајќи да ја завршат трката со планираната една замена на гуми. Топ 10 редоследот во 32-от круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Ботас, Перез, Ветел, Строл, Рикиардо, Норис, Саинц Јр., Гасли.
Во 33-от круг, лидерот влегува по втор пат во бокс, а белите гуми на RB16B беа заменети со жолти. На патеката излезе зад Серџо Перез, кој немаше проблеми да го пропушти својот тимски колега во потерата по возачите на Мерцедес АМГ. Во тој момент имаше 11 секунди заостанување зад Ботас на 18 круга до крајот. Му беа потребни 10 круга да го стигне Финецот и лесно го претекне во 44 круг.
Холанѓанецот се најде на второто место, со пет секунди заостанување зад Хамилтон, на осум круга до крајот. Во 49-от круг, Перез го претекнува Ботас за третото место. На два круга пред финишот, Ферстапен, на посвежи гуми, го стигна Британецот и полесно од очекуваното го имаше победничкиот претекнување во претпоследниот круг од трката.
Следната трка за Големата Награда на Штаерска на програмата е веќе следниот викенд, 27 Јуни, на патеката Ред Бул ринг.
Голема Награда на Франција, Пол Рикард. 53 круга, 309.626., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч27:25.770 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 2.904 |
3. | Серџо Перез | Ред Бул | + 8.811 |
4. | Валтери Ботас | Мекларен | + 14.618 |
5. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:04.032 |
6. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1:15.857 |
7. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1:16.596 |
8. | Фернандо Алонсо |
Алпин | + 1:17.695 |
9. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
+ 1:19.857 |
10. | Ленс Строл | Астон Мартин |
+ 1:31.946 |
11. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1:39.337 |
12. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
13. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
14. | Естебан Окон |
Алпин | + 1 круг |
15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
16. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1 круг |
17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
18. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 1 круг |
19. | Мик Шумахер |
Хас | + 1 круг |
20. | Никита Мазепин |
Хас | + 1 круг |
НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:36.404 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: / | |||
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч30:11.385 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч24:31.198 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч27:25.770 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 7/23 | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Макс Ферстапен | 131 | |
2. | Луис Хамилтон | 119 | |
3. | Серџо Перез | 84 | |
4. | Ландо Норис | 76 |
|
5. | Валтери Ботас | 59 | |
6. | Чарлс Леклер | 52 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 42 | |
8. | Пјер Гасли | 37 | |
9. | Даниел Рикиардо | 34 | |
10. | Себастијан Ветел | 30 | |
11. | Фернандо Алонсо |
17 | |
12. | Естебан Окон |
12 | |
13. | Ленс Строл | 10 | |
14. | Јуки Цунода |
8 | |
15. | Кими Раиконен | 1 | |
16. | Антонио Џовинаци | 1 | |
17. | Џорџ Расел | 0 | |
18. | Мик Шумахер |
0 | |
19. | Никита Мазепин |
0 | |
20. | Николас Латифи |
0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Ред Бул | 215 | |
2. | Мерцедес АМГ | 178 | |
3. | Мекларен | 110 | |
4. | Ферари | 94 | |
5. | АлфаТаури | 45 | |
6. | Астон Мартин |
40 | |
7. | Алпин | 29 | |
8. | Алфа Ромео | 2 | |
9. | Вилијамс | 0 | |
10. | Хас | 0 |