Бенедето Виња ќе се приклучи на Ферари на 1 септември од STMicroelectronics, каде што во моментов е претседател на најголемиот и најпрофитабилен оперативен оддел во 2020 година. Тој исто така е член на Извршениот комитет на компанијата.
Џон Елкан, Претседател на Ферари: "Ние сме воодушевени со назначувањето на Бенедето Виња како нов извршен директор на Ферари. Неговото длабоко разбирање за технологиите што доведуваат до голем дел од промените во нашата индустрија, неговата докажана иновативност и лидерски вештини, дополнително ќе го зајакнат Ферари и неговата единствена приказна за страста и перформансите, во возбудливата ера пред нас."
Бенедето Виња, 52, е Италијанец со долгогодишно меѓународно искуство во работа со некои од водечките светски технолошки компании. Дипломирал физика на Универзитетот во Пиза. Тој се приклучи на ST во 1995 година, каде го развива одделот со посебен фокус на индустрискиот и автомобилскиот сегмент на пазарот.
"Посебна чест е да се приклучам на Ферари како нејзин извршен директор и тоа го правам со подеднакво чувство на возбуда и одговорност. Возбуда од големите можности што треба да се искористат. И со длабоко чувство на одговорност кон извонредни достигнувања и можности на мажите и жените на Ферари, на сите засегнати страни на компанијата и на сите ширум светот за кои Ферари е толку уникатна страст"
Во неговата улога како извршен директор приоритет на Виња ќе биде да се осигура дека Ферари ќе продолжи да ја гради својата лидерска позиција како креатор на најубавите и технички напредни автомобили во светот. Неговото уникатно знаење стекнато во текот на 26 години работен стаж во срцето на индустријата за полупроводници што забрзано го трансформира автомобилскиот сектор, ќе ја забрза способноста на Ферари да биде пионер во примената на технологиите од следната генерација.
БЕНЕДЕТО ВИЊА НОВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ФЕРАРИ
6/09/2021 10:10:00 AM
0
Share to other apps

