Политичарот во Формула 1 во јуни минатата година објави покренување иницијатива насочена кон создавање услови за талентирани луѓе од различни раси да влезат во мотоспортот.
Си формираше некаква си комисија, а нејзиниот извештај за напредокот денес беше објавен во Велика Британија, кој содржи 10 препораки за да се помогне во промената на ситуацијата. И се би било ОК, доколку се зборуваше за различни раси, а не само за една раса.
Се двоумевме дали да објавиме, бидејќи не подржуваме политика во Ф1 или било каде во спортот, но моравме за да ја покажеме дволичноста на иницијативата!!! Се останато под оваа иницијатива, ќе биде игнорирано се додека не биде збор за вистинска борба за разновидност.
Во извештајот поднесен од Кралската инженерска академија, се наведува дека никој од тимовите во Формула 1 со седиште во Велика Британија и ниту една од 4000 компании кои работат во автомобилската индустрија, не биле во можност да обезбедат статистички информации за РАСАТА на вработените. Која компанија ја интересира РАСАТА на вработените!
Сепак, кралскава комисија финансирана од политичарот проценува(шпекулира,нагаѓа) дека од 40 илјади вработени, луѓето со темна боја на кожата(една раса, не различни раси!!!) не сочинуваат повеќе од 1%. Што е тоа важно?!? Не е важно за компаниите да бараат вработени кои залужиле по знаење, а не по раса?!?
Комисијата утврди дека нееднаквоста се манифестира и во процесот на регрутирање на дипломирани студенти на британски универзитети, меѓу црните студенти(повторно една раса, не различни раси!!!) се формирал впечаток дека мото-спортот не е за нив. Нивни проблем, кој ако сакаш решавај го, никој нема да ти забрани!!!
Во исто време, преминот на ограничени буџети во Формула 1 неизбежно ќе доведе до намалување на персоналот, затоа, дури и помалку дипломирани студенти ќе можат да најдат вработување во областа на моторспортот.
Меѓу препораките содржани во извештајот, постои барање да се предвидат одредени исклучоци во финансиските регулативи, што ќе овозможи вработување на повеќе луѓе од различни раси.
Веќе следната реченица повторно се потенцира дека не се работи за различни раси, туку само за една раса!!!
Се предлага да се создаде фонд за борба против факторите што влијаат на високата стапка на напуштање на учениците од црна популација од британските училишта!!! Формирај си сам, кога веќе имаш амбиции на политичар, имаш финансиски средства за тоа!!!
Стефано Доменикали, извршен директор и претседател на Формула 1, побрза да се излигави пред ПОЛИТИЧАРОТ, па ја пофали работата на неговата комисија:
"Ова е импресивен и сеопфатен извештај. Ние внимателно ќе го прочитаме и ќе ги анализираме заклучоците што ги содржи, но во исто време целосно се согласуваме со потребата да се промовира различноста во нашиот спорт."
(Што те интересира тебе како главен човек на еден глобален спорт, за заклучоците на една комисија заснована на шпекулации и кои се однесуваат на само една земја и една раса!!!)
ФОРМУЛА 1 НЕ ЗАСЛУЖУВА ПОЛИТИЧАРИ И ДВОЛИЧНОСТ
7/13/2021 02:51:00 PM
0
Tags
Share to other apps

