Алфа Ромео и Заубер Моторспорт потпишаа нов долгорочен договор. Швајцарскиот тим ќе продолжи да настапува под името на познатиот италијански бренд. Значајните измени во регулативата претставуваат можност за тимот да направи значителен чекор напред, со оглед на новите буџетски ограничувања, кое започнаа од оваа 2021 година.
Присуството на брендот во моторспортот, а особено во Ф1, ќе продолжи да игра клучна улога во иднина, секогаш толкувано од аспект на италијанска спортска ДНК на Алфа Ромео од 1910 година.
Формула 1 е најдобрата лабораторија за промени, и затоа клучна територија за Алфа Ромео на патот до електрификација, за исполнување на нивната хибридна стратегија, одржлива технологија и бесконечна потрага по ефикасност. Згора на тоа, таа е клучна глобална платформа за маркетинг.
Партнерството со Заубер и нивното специфично техничко знаење е фантастичен развој на придобивките што Алфа Ромео ќе продолжи да ги пренесува на своите автомобили и специјални проекти.
Оваа соработка веќе докажа дека придобивките од ова партнерство се далеку од границите на тркачките патеки. Знаењето и вештините стекнати од Заубер веќе се применети во последните проекти, како што е како развој на Giulia GTA и GTAm, најновите седани на Alfa Romeo.
Жан-Филип Импарато, извршен директор на Алфа Ромео: "Како историски италијански бренд на автомобили, Алфа Ромео, е роден на тркачката патека. Денес сме горди што продолжуваме да ја почитуваме таа тркачка ДНК ставајќи ја во срцето на иднината на нашиот бренд."
"Ние сме водени од страст и совршеност. Формула 1 претставува врвна лабораторија за идното електрифицирање на нашите автомобили, целосно кохерентна со нашата визија за следните години. Понатаму, врвниот мотоспорт ја носи неспоредливата глобална изложеност што сакаме да ја искористиме за успешна иднина."
Фредерик Васер, тимски шеф и извршен директор на Заубер: "Ние сме задоволни што објавуваме продолжување на ова партнерство. Алфа Ромео беше неверојатен придружник во последните неколку години, а ние сме уште повозбудени за поглавјата што допрва следуваат. Новите регулативи ни даваат шанса да направиме уште еден чекор напред и јас цврсто верувам дека сме совршено подготвени да оствариме големи придобивки заедно."
АЛФА РОМЕО ОСТАНУВА ВО ФОРМУЛА 1
7/14/2021 05:21:00 PM
0
Share to other apps



