Една од најрелевантните карактеристики на Формула 1 во 2022 година ќе бидат новите 18-инчни гуми на Пирели, вградени во новите болиди, чија визија за нивниот изглед беше претставена денес на патеката Силверстоун.
Се менува големината на бандажите, додавајќи пет инчи на дијаметарот што се одржуваше од 1960-тите, со компактни, високо профилни пневматици, кои што се во употреба повеќе од половина век.
Сега е време за помодерен пристап. Со поголем акцент на технолошката близина со пневматиците за патничките автомобили, како и естетиката. Новите пневматици ќе ја има истата ширина на шарата како досега, 305 милиметри напред и 405 милиметри позади, но малку поголем дијаметар, кој расте од 660 милиметри на 720 милиметри.
Најзначајната промена е намалувањето на страничниот ѕид, па сега ќе наликуваат на нископрофилните гуми на Пирели, кои со години се претпочитаа како најдобар избор за водечките марки на спортски автомобили.
Овој нов профил ќе го промени однесувањето на болидите во Формула 1 на патеките, правејќи ги попрецизни при промена на насоката. Од досега спроведените тестови, и во суви и во влажни услови, реакциите на возачите се позитивни и новите гуми ќе придонесат за уште поконкурентни трки, со болидите кои се помалку чувствителни на аеродинамичките турбуленции, додека се следат едни со други.
Намалениот профил значи дека гумите ќе се деформираат помалку, што значи дека нивното влијание врз целокупната аеродинамика на болидите ќе биде помало. Сето тоа треба да фаворизира блиски трки.
Смешите за 18-инчните гуми исто така ќе бидат целосно нови, за да се обезбеди максимална конзистентност и помалку прегревање. Ќе бидат достапни 5 смеши за Ф1 шампионатот за 2022 година, од кои три ќе бидат номинирани за секој тркачки викенд, исто како што е случај во моментов.
Со преминување од 13 на 18-инчи, Пирели е единствениот производител на гуми што се натпреварувал во Формула 1 со сите големини на тркалата што биле дел од историјата на шампионат.
Тоа е приказна која започна во 1950 година, благодарение на првите победи и титули на Пирели со Алфа Ромео, Ферари и Масерати, Формула 1 болиди со преден мотор, кои работеа на високи и тесни гуми.
Како одминуваше времето, спортот се движеше кон 13-инчни гуми, пред Пирели да започне со својата актуелна ера како Глобален партнер за гуми на Формула 1 во 2011 година.
Во 2017 година, Пирели иновираше со воведување на гуми за 25% пошироки отколку што беа претходно, обезбедувајќи поголем отпечаток и повеќе грип, што пак резултираше со рекордни времиња на патеките низ целиот свет.
Од следната сезона се отвара едно ново поглавје со премин кон 18-инчите пневматици, нова димензија со која Пирели е привилегиран да ја придружува Формула 1 во иднина.
18" ПНЕВМАТИЦИ СОСТАВЕН ДЕЛ НА 2022 Ф1 БОЛИДИТЕ
7/15/2021 07:38:00 PM
0
Share to other apps

