Астон Мартин продолжува да го зајакнува својот технички персонал со именување на Марк Вајт за главен оперативен директор.
Марк, кој има 25 години искуство во мотоспортот во Хонда и Синхро Моторспорт, ќе стапи на должност на 1 Септември 2021 година. Тој ќе биде одговорен за контролата и квалитетот на производството, одговорајќи директно на шефот на производство на тимот, Боб Халивел.
Отмар Шафнауер, тимски шеф: "Пристигнувањето на Марк Вајт во тимот на Астон Мартин ќе додаде драгоцено експертиза во работењето на нашата фабрика. Искуството на Марк во автомобилскиот свет ќе биде особено релевантно бидејќи стапува на сила ограничувањето на трошоците со поголем акцент на ограничување на трошоците за производство."
"Тој, исто така, ќе ги засили нашите напори за подобрување на квалитетот и ефикасноста на нашите системи за производство. Тоа е уште една демонстрација на нашата желба да го засилиме тимот во сите области со уште еден искусен лидер."
Марк Вајт: "Јас сум многу горд што ќе се приклучам на талентираните мажи и жени во тимот на Астон Мартин, од овој септември. Исклучително сум импресиониран од страста и желбата на лидерскиот тим, вклучувајќи ја и изградбата на новата фабрика, што верувам дека ќе му овозможи на тимот да биде вистински конкурентен во годините што следуваат. Ќе направам се што можам за да придонесам кон патувањето на тимот до врвот."
АСТОН МАРТИН АНГАЖИРАШЕ НОВ ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР
7/14/2021 06:13:00 PM
0
Share to other apps


