Големата Награда на Велика Британија беше уникатна. За прв пат, Формула 1 одржа викенд со саботни спринт квалификации, британските власти ги отсранија сите ограничувањата за прием на гледачи на трибините, што резултираше со максимален број на фанови на трибините на Силверстоун, рекорд од почетокот на пандемијата.
Мерцедес АМГ донесе повеќе надградби на болдиот, и успеа да го надмине заостанувањето зад Ред Бул во брзината на правците. Борбата беше тесна. Беше жешко во петокот попладне и Ферстапен го забележа најбрзото време на првиот тренинг.
Вечерта асфалтот се олади и Хамилтон беше најфдобар на квалификациите. На спринт квалификациите, Луис имаше лош старт, па Макс изби на врвот по првиот свиок и ја освои Пол позицијата за денешната трка.
Денес повторно имавме топло време. Ферстапен и Хамилтон стартуваа од првиот ред, Ботас и Леклер од вториот, Норис и Рикиардо од третиот. Расел изгуби три стартни места за инцидентот со Саинц Јр. во спринтот и наместо од 9-тата стартуваше од 12-тата позиција. По испаѓањето во спринтот, Серџо Перез замени делови од ПЕ и доби ново задно крило, тој стартуваше од пит-линијата.
Возачите беа слободни да изберат на кои гуми ќе ја стартуваат трката, но немаше поголеми изненадувања. Само Перез стартуваше на белите гуми, додека останатите на жолтите.
На стартот, Ферстапен го задржа водството по првиот свиок, но Хамилтон го напаѓаше со сите сили, Холанѓанецот се бранеше и се тоа заврши со контакт. Во деветтиот свиок, Луис нападна од внатрешната страна, болидите ги допреа тркалата, Макс излета со голема брзина и се заби во бариерите покрај патеката.
Веднаш излезе безбедносниот автомобил, но трката беше речиси веднаш стопирана со црвени знамиња. Во таа борба од неколку свиоци Чарлс Леклер успеа да го претекне Валтери Ботас, а по инцидентот и Хамилтон. Кими Раиконен напредуваше три позиции.
Топ десет редослед по стопирање на трката беше: Леклер, Хамилтон, Ботас, Норис, Рикиардо, Ветел, Алонсо, Саинц Јр., Раиконен, Окон. Возачите се наредија во пит-линијата и ги оставија болидите.
Сериозно уништениот болид на Макс Ферстапен беше евакуиран, оштетената бариера беше обновена. Макс покажа дека сè е во ред со него, но тој беше испратен во медицинскиот центар, а потоа и во дежурната болница за дополнителни проверки, бидејќи сензорот на ФИА регистрираше преоптоварување од 51Г.
Стјуардите го казнија Хамилтон со казна од 10 секунди. Паузата се покажа прилично долга, па по 35 минути беше најавено рестартирање.
На рестартот, Леклер го задржа водството, Норис го престигна Ботас. Болидот на Фетел се изврте на патеката, по што Германецот падна на дното на поредокот.
Серџо Перез, кој стартуваше од пит-линијата, имаше неколку претекнувања и во 9-от круг го престигна Џовинаци, искачувајќи се на 12-то место, но Мексиканецот не се снајдуваше баш најдобро на оваа патека.
Иако стартуваше на белите гуми, промени жолти при црвеното знаме, но повторно беше меѓу првите во бокс за промена на гуми. Разочарувачки ден за него. На крај, успеа само да го одземе дополнителниот поен на Луис Хамилтон за најбрзиот круг на трката.
Напред, Чарлс Леклер имаше интензивна дискусија со својот тркачки инженер откако имаше проблеми со мапирањето на моторот во неговиот болид, а по неколку круга подесувања проблемот беше решен.
Серијата пит-стопови започна во 18-от круг, а од водечката тројка прв во бокс влезе Ботас, во 22-от круг, потоа Хамилтон во 27-от, кога ја одработи и казната од 10 секунди, враќајќи се на патеката на четвртото место.
Жолтите гуми на болидот на Ферари работеа перфектно, па Чарлс Леклер беше последниот што влезе во бокс, за замена на неговите гуми со завршување на 29-от круг, задржувајќи го водството на трката.
Луис Хамилтон веќе во 31-от круг го престигна Норис за третото место, а Валтери Ботас започна да го намалува неговото темпо со цел да му овозможи на Хамилтон чиста патека за потерата по Леклер.
Уште на разлика од 2 секунди до Ботас, Британецот се пожали дека му смета турбулентниот воздух од болидот на Финецот, по што следуваше директна наредба до Ботас нагло да забави и го пропушти тимскиот колега на второто место. Тимските колеги ги сменија местата во 40-от круг.
Во 41-от круг, Себастијан Ветел мораше да се повлече од трката поради прегревање на болидот на Астон Мартин.
Хамилтон веднаш тргна во потера на Ферарито, намалувајќи ја разликата со Леклер и на десет круга пред самиот финиш, Британецот заостануваше седум секунди.
Моначанецот се обиде да забрза, но горивото во неговиот болид беше речиси потрошено во почетниот стинт, а Луис се приближуваше во просек секунда по круг.
Во 49-от круг, Серџо Перез повторно смени гуми, откажувајќи се од Топ 10 пласман, за да го одземе дополнителниот поен за најбрзиот круг од Луис Хамилтон, кој пак на три круга пред крајот на трката се доближи до Леклер и го претекна во истиот свиок, каде што се случи инцидентот во борбата со Ферстапен. Сепак, Моначанецот значително му помогна, кога направи грешка и излета од патеката, враќајќи се зад Британецот.
Зад Хамилтон и Леклер, Валтери Ботас го освои третото место пред Ландо Норис, со Даниел Рикиардо петти со вториот Мекларен. Карлос Саинц Јр. по бавниот пит-стоп заврши на шестото место во вториот болид на Ферари, додека Фернандо Алонсо го зазеде седмото место за Алпин. Ленс Строл заврши на осмото место за Астон Мартин пред Естебан Окон, а последниот поен го зеде Јуки Цунода со АлфаТаури.
| 2021 БРИТАНСКО ГРАН ПРИ 52 круга, 306.198км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч:58:23.284 |
| 2. | Чарлс Леклер | Ферари | + 3.871 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 11.125 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | + 28.573 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 42.624 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 43.454 |
| 7. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1:12.093 |
| 8. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1:14.289 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин | + 1:16.162 |
| 10. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1.22.065 |
| 11. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1:25.327 |
| 12. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
| 13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 14. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1 круг |
| 15. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 16. | Серџо Перез |
Ред Бул | + 1 круг |
| 17. | Никита Мазепин | Хас | + 1 круг |
| 18. | Мик Шумахер | Хас | + 1 круг |
| НАЈБРЗ КРУГ: СЕРЏО ПЕРЕЗ - 1: 28.617 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
дефект |
| 20. | Макс Ферстапен | Ред Бул | судир |
| ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - СИЛВЕРСТОУН 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.094 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:55.831 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч21:27.430 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч27:29.789 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч26:52.094 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч28:01.283 70 години Формула 1 Гран При 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч19:41.993 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч58:23.284 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 10/23 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 185 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 177 | |
| 3. | Ландо Норис | 113 | |
| 4. | Валтери Ботас | 108 |
|
| 5. | Серџо Перез | 104 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 80 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 68 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 50 | |
| 9. | Пјер Гасли | 39 | |
| 10. | Себастијан Ветел | 30 | |
| 11. | Фернандо Алонсо |
26 | |
| 12. | Ленс Строл |
18 | |
| 13. | Естебан Окон | 14 | |
| 14. | Јуки Цунода |
10 | |
| 15. | Кими Раиконен | 1 | |
| 16. | Антонио Џовинаци | 1 | |
| 17. | Џорџ Расел | 0 | |
| 18. | Мик Шумахер |
0 | |
| 19. | Николас Латифи |
0 | |
| 20. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Ред Бул | 289 | |
| 2. | Мерцедес АМГ | 285 | |
| 3. | Мекларен | 163 | |
| 4. | Ферари | 148 | |
| 5. | АлфаТаури | 49 | |
| 6. | Астон Мартин |
48 | |
| 7. | Алпин | 40 | |
| 8. | Алфа Ромео | 2 | |
| 9. | Вилијамс | 0 | |
| 10. | Хас | 0 | |








