Патеката сега со главното обележје во форма на авионско крило на стартно-целниот правец, не е ни малку слична на трускавиот аеродром на кој се одвиваше инаугуративната трка, но сепак останува чувството дека сте на посебно место.
Силверстоун останува домаќин на Големата Награда на Британија до 1954 година, кога го дели настанот со Ајнтри од 1955-1962 година, а од 1963-1986 со Брендс Хеч. Од 1987 година па наваму Силверстоун е единственото место за одржување на овој настан.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно.
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Трката за Големата Награда на Британија, која се состои од 52 круга, од стратегиска гледна точка е малку полесна од вообичаеното поради спринт квалификациите, кои што доведоа до подруги правила за употреба на гумите.
Едно од тие правила е што возачите повеќе не се обврзани да стартуваат на гумите со кои ги забележале своите најбрзи времиња од Q2 сесијата на квалификациите. Сега тие имаат потполно слободен избор, што значи дека сите возачи едноставно може да ја следат теоретски најбрзата стратегија.
За денес, како и во повеќето случаи, таа е со едно застанување во бокс, и тоа почетен стинт на жолтите гуми и потоа премин на белите гуми до крајот на трката.
Алтернативна стратегија е старт со црвените и потоа завршен стинт на белите гуми, но жолтите гуми нудат поголема флексибилност во однос на тајмингот на пит-стопот, додека црвените гуми ќе бараат дополнителна грижа за нив.
Со поголемата слобода во изборот на гуми, може да се појави и спротивната варијанта, особено за возачите што стартуваат поназад на гридот, старт на белите гуми пред да се префрлат на најмеката смеша, т.е. црвените гуми.
Она што е сигурно е дека стратегијата со две застанувања за замена на гуми, дефинитивно е побавна варијанта, а најдоброто сценарио е да се користат два сета на црвени и еден сет на жолти гуми.
Марио Изола, Пирели: "Викендов овозможи шанса да се испроба нешто поразлично со првите спринт квалификации, и иако беше кратка трка, веќе видовме неколку различни стратегии на гридот со четворица возачи кои ризикуваа со црвените гуми, вклучувајќи го и Ботас кој започна и заврши на третата позиција."
"Менаџирањето на црвените гуми, во трка каде возачите максимално форсираат од почеток до крај во топли услови, беше очигледно предизвик, но Фернандо Алонсо напредуваше шест места на стартот, за на крајот да заврши со добивка од четири позиции."
"Жолтите гуми добро се справија со брзите свиоци и големите оптоварувања на Силверстоун, поради што очекуваме да биде најпопуларниот избор за старт на трката. Температурите се предвидува да бидат уште повисоки, па менаџирањето со гумите ќе биде фактор, како што видовме и за време на спринт квалификациите кога се појави блистеринг на гумите додека тимовите се приближуваа до финишот."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА БРИТАНИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 5. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 7. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 8. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 9. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 10. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 11. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| *казна 3 позиции | 12. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС* |
| 13. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 14. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 15. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 16. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 17. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| ПИТ-ЛИНИЈА | СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






