На денешната тренинг сесија, возачите се фокусираа на проценка на ефективноста на гумите, претежно работејќи со веќе користени комплети. Сесијата помина без проблеми. Во последните минути, болидот на Ботас се изврте на асфалтот, но без поголеми последици.
Најбрз беше Макс Ферстапен, со време многу побавно од вчерашниот ден, но ниту неговите конкуренти не беа нешто заинтересирани за поставување на брзи времиња, што е нормално во вакви услови и распоред на тркачкиот викенд. Секој работеше според своите програми.
Во 17:30 часот ќе имаме спринт квалификации, кои што ќе го одредат стартниот редослед за Големата Награда на Велика Британија.
Што се СПРИНТ Квалификации?
Форматот на тркачки викенд со Спринт Квалификаци ќе се примени на не повеќе од три трки од тековната 2021 сезона. Неговото деби го имаме на патеката Силверстоун за Големата Награда на Велика Британија.
Спринт квалификациите се трка чие растојание од СТАРТ до ФИНИШ мора да биде еднакво на најмалиот број на комплетни кругови што надминуваат 100 километри. За Силверстоун тоа значи трка од 17 круга.
Трката се очекува да биде комплетирана за 25-30 минути и не може да трае повеќе од 1 час. Ако измине еден час пред да се комплетира планираното растојание, на лидерот ќе му се покаже знамето за финиш на крајот од следниот круг од оној за време на кој истекол периодот од 1 час, под услов ова да не биде повеќе од планираниот број на Исклучок од овие правила може да се направи само под следниве околности:
- Ако Спринт Квалификациите се стопирани(црвено знаме). Во тој случај изминатото време под црвено знаме не влегува во периодот од 1 час, но под услов вкупното време на сесијата да не го надминува максималното дозволено време од еден и пол час.
- Ако формацискиот круг и стартот се зад безбедносниот автомобил, бројот на кругови во Спринт Квалификациите ќе се намали за бројот на кругови зад безбедносниот автомобил минус еден.
Според резултатите од спринт квалификациите, тројцата најдобри возачи добиваат поени:
- 3 поени за првото место,
- 2 поени за второто место,
- 1 поен за третото место.
Во случај ако сесијата е запрена и не може да се продолжи, се применуваат следниве правила:
- поени не се доделуваат ако лидерот возел два круга или помалку;
- половина од бодовите се доделуваат ако лидерот возел повеќе од два круга, но помалку од 75% од првичното растојание;
- поени се доделуваат во целост ако лидерот возел повеќе од 75% од оригинално предвиденото растојание.
| 2021 БРИТАНСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.902 | 23 | |
| 2 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:30.364 | + 0.375 | 30 |
| 3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:30.431 | + 0.605 | 29 |
| 4 | Естебан Окон | Алпин | 1:30.570 | + 0.805 | 31 |
| 5 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.581 | + 0.898 | 27 |
| 6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.820 | + 1.128 | 24 |
| 7 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:30.910 | + 1.132 | 23 |
| 8 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.997 | + 1.229 | 27 |
| 9 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:31.112 | + 1.278 | 27 |
| 10 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:31.159 | + 1.286 | 31 |
| 11 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:31.169 | + 1.335 | 24 |
| 12 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:31.219 | + 1.361 | 29 |
| 13 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:31.256 | + 1.387 | 27 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:31.390 | + 1.426 | 26 |
| 15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.426 | + 1.435 | 30 |
| 16 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:31.564 | + 1.502 | 32 |
| 17 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:31.771 | + 1.691 | 33 |
| 18 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:32.860 | + 2.139 | 31 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:32.898 | + 2.572 | 31 |
| 20 | Мик Шумахер | Хас | 1:34.958 | + 4.115 | 28 |
| ХИБРИДНА ЕРА - СИЛВЕРСТОУН 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.274 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.654 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.496 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.552 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:26.732 2020 Ленс Строл - Рејсинг поинт - 1:27.274 70 години Формула 1 Гран При 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.606 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:29.902(сабота) @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
![]() |
| СТАРТЕН РЕДОСЛЕД ЗА СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ |





