Идејата имаше доволно критичари, но од аспект на ТВ куќите дозволи три преноси во ударен термин за време на викендот, потенцијално зголемувајќи ја публиката.
Во Формула 1, традициите се силни, скептиците поставуваа прашања. За да се разбере како форматот би функционирал во пракса, спортските регулативи беа променети во текот на сезоната, а резултатот беше презентиран пред јавноста во Силверстоун.
Вчера имавме неизвесни квалификации, на кои Луис Хамилтон беше за малку побрз од Макс Ферстапен. Поредокот на петочните квалификации го одреди стартниот редослед на спринт квалификациите, каде што пак беше добин стартниот поредок за неделната трка за Големата Награда на Велика Британија.
Хамилтон и Ферстапен стартуваа од првиот ред, Ботас и Леклер од вториот, Перез и Норис од третиот. Во спринтот немаше задолжителен пит-стоп, возачите слободно избраа гуми за старт. Како резултат, Ботас, Алонсо, Окон и Раиконен стартуваа на црвените, а останатите на жолтите гуми.
Макс Ферстапен имаше подобар старт и го презеде водстото по првиот свиок. Хамилтон се обиде да се врати на првото место, но Холанѓанецот ги одби сите напади, по што успеа да создаде доволно разлика да го држи Британецот надвор од опсегот на ДРС-системот.
Фернандо Алонсо имаше супер старт и се искачи на петтото место. Перез беше пред Рикиардо. Подолу во поредокот Џорџ Расел имаше контакт со Карлос Саинц Јр, по што Шпанецот заврши надвор од патеката, но успеа да се врати во огра. Додека го пишуваме овој извештај стјуардите го разгледаат овој инцидент.
Исто така, добар старт и за Кими Раиконен кој успеа да се искачи на 13-то место. На опашката Никита Мазепин и Мик Шумахер остварија контакт, по што Русинот се изврте на патеката, но продолжи да се натпреварува.
Поредокот при започнување на вториот круг беше Ферстапен, Хамилтон, Ботас, Леклер, Алонсо, Норис, Перез, Рикиардо, Ветел, Расел. По паѓањето на претпоследното место Шпанецот веќе во 4-от круг беше пред Џовинаци и започна со движење нагоре во поредокот. Ако некој се изнаработи на овие спринт квалификации тоа беше тој.
Во 6-от круг, катастрофална грешка за Серџо Перез. Мексиканецот од многу желба за што побрзо да напредува, на чиста патека успеа да се изврте и заврши надвор од патеката, низ чакалот и тревата повторно назад, но на опашката од поредокот. Изгуби многу позиции, а згора на тоа се врати на асфалтот со оштетени гуми.
Во тие моменти Ландо Норис го престигна Алонсо за петтото место, а црвените гуми започнаа да губат на перформанси. Следен кој го претекна беше вториот Мекларен на Даниел Рикиардо.
Перез не успеа да напредува, по што неговиот тркачки инженер го замоли да се повлече во својата гаража во последниот круг од спринт квалификациите.
Напред Макс Ферстапен лесно финишираше на првото место со тоа освојувајќи ја својата 4-та последователна Пол позиција. Холанѓанецот ќе го дели првиот стартен ред со Луис Хамилтон, на вториот ќе стартуваат Ботас и Леклер, од третиот Норис и Рикиардо.
На крај, со спринт квалификациите најмногу добија Алонсо и Раиконен, по 4 позиции, а нормално, Серџо Перез загуби најмногу, дури 15 стартни места за утрешната трка за Големата Награда на Велика Британија.
| 2021 БРИТАНСКО ГП - СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИ 17 круга,; 100км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 25:38.426 |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 1.430 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 7.520 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 11.278 |
| 5. | Ландо Норис | Мекларен | + 24.111 |
| 6. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 30.959 |
| 7. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 43.527 |
| 8. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 44.439 |
| 9. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 46.652 |
| 10. | Естебан Окон | Алпин | + 47.395 |
| 11. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 47.798 |
| 12. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 48.763 |
| 13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 50.677 |
| 14. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 52.179 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 53.225 |
| 16. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 53.567 |
| 17. | Николас Латифи | Вилијамс | + 55.162 |
| 18. | Мик Шумахер | Хас | + 1:08.215 |
| 19. | Никита Мазепин | Хас | + 1:17.648 |
| 20. | Серџо Перез | Ред Бул | НЕ ЗАВРШИ |
| ОСВОЕНИ ПОЕНИ 3 - Макс Ферстапен 2 - Луис Хамилтон 1 - Валтери Ботас @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||




