Изјави од победниците и губитниците на квалификациските сесии на патеката Силверстоун, домаќин на Големата Награда на Велика Британија.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Имавме добра забава. Секако дека сум среќен што ги освоив трите бода и прилично е занимливо да се освои Пол позиција низ трка, но сигурно нема да ја одбиеме."
"Tука е тешко да се престигне, но имавме добар старт и добра борба со Луис во првиот круг. Од тогаш се обидовме да одржуваме наше темпо, но имавме силен противник до самиот крај."
"Започнувајќи ја трката со помала количина на гориво, имавме можност да бидеме на максимумот низ брзите свиоци, круг по круг, што природно значеше поголемо оптеретување за гумите, но тоа беше еднакво за сите и требаше да внимаваме на нив."
"Не можеме да работиме на болидите до утрешната трка, а денес научивме дека ќе биде многу блиска борба помеѓу нас и Мерцедес АМГ. Се чини дека сме многу брзи во свиоците, а тие се побрзи на правците, така што утре ќе имаме навистина возбудлива битка и тимот заврши одлична работа со менаџирањето на новиот тркачки формат."
"Исто така, сакам да изразам голема благодарност на фановите. Знам дека тие се главно тука за британските возачи, но сепак е одлично да ги гледаме како навиваат и сè што сакам е добра битка со Луис и сите останати."
Чарлс Леклер, П4: "Денес навистина уживав во спринт квалификациите. Тркање без калкулации е различно од она на што сме навикнале и многу се забавував. Една голема разлика е во тоа што не треба да размислувате за заштеда на гумите и едноставно можете да нападнете. Не ризикував, но да имаше добра можност да се здобијам со позиција, ќе нападнев."
"Од моја гледна точка имав осамена трка, но на добар начин затоа што можев да го одржувам нашето темпо без премногу да заостанувам зад болидите пред мене. Генерално, досега ми се допадна овој форматот на викендот. На секој ден му дава некоја возбудливост, за разлика од еден нормален викенд."
"Мислам дека ги прави работите повозбудливи, за нас, како и за фановите. Темпото на жолтите гуми беше доста репрезентативно. Дури и ако нивото на горивото не беше исто како што ќе биде за трката, тоа ни даде добра слика за балансот на болидот. Има многу податоци за анализа за да се подобриме на трката."
Фернандо Алонсо, П7: "Денес беше добра сесија за нас и многу се забавував. Мислам дека го направивме вистинскиот избор почнувајќи на црвените гуми и се здобивме со подобра стартна позиција за утрешната трка."
"Имав добар и напредував неколку места од единаесеттото на петтото во првите неколку свиоци. Потоа изгубивме позиции од возачите на Мекларен, но на крајот се задржавме на седмото место. Мислам дека форматот беше забавен, но сигурен сум дека има некои мали подобрувања што можеме да ги направиме. Ќе имаме за цел да ја пренесеме денешната форма и на трката."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П20: "Вистинска штета е да што морав да се повлечам од спринт квалификациите, бидејќи болидот беше доста добар. Ова беше лош ден за мене и можам да се извинам на тимот, бидејќи го изгубив задниот дел од болидот додека се борев со Ландо, што ни го уништи денот."
"Бев на средината од свиокот и веќе поприлично ја имав притиснато педалата за гас, потоа мислам дека влегов во турбулентен воздух и станав патник навистина рано во свиокот. Избегнав каков било контакт, но после извртувањето имав премногу вибрации од гумите и тоа беше тоа."
"Тимот беше загрижен за штетата што може да се предизвика со вибрациите и немаше што повеќе да добиеме, па донесовме одлука да го повлечеме болидот. Утре сме на задниот дел од гридот и не е лесно да се престигнува овде, но имаме доста добро темпо, па бидете сигурни дека ќе дадам се од себе за да освојам што повеќе поени. Ова е моја грешка, но утре е нов ден и со нетрпение очекувам да видам што можеме да сториме."
Карлос Саинц Јр., П11: "За мене оваа беше нешто повеќе од спринт квалификации, за мене ова беше кам-бек стинт. Јас сум далеку од среќен бидејќи болидот имаше добро темпо и со нетрпение очекував да се квалификувам на добра позиција за утре."
"За жал, моите спринт квалификации беа сериозно компромитирана уште во првиот круг, искрено поради она што мислам дека беше грешката на Џорџ. Тој ги блокира тркалата и ме удри во задниот дел од болидот, принудувајќи ме да излезам од патеката и да се вратам на П19."
"Немаше шанси да се предадам, затоа максимално форсирав до крајот на трката, имав неколку добри претекнувања и покрај тешкотиите на оваа патека и успеав да се вратам на П11."
"Тоа беше добар кам-бек, но повеќе би преферирал да не бидам истуркан надвор од патеката. Како и да е, тоа е дел од трките, па утре повторно ќе се обидеме напредуваме што повеќе места. Болидот е подготвен, а исто така и јас. Ајде да се тркаме повторно."
Ленс Строл, П14: "Добро беше што малку напредував на спринт квалификациите, но мислам дека сè уште го бараме оптималниот баланс на болид. Беше предизвик да се напредува повеќе возачи се збивме непосредно еден зад друг, и завршивме во долг воз на болиди."
"Позитивно е што кратката трка ни дава порелевантни податоци за да ги надминеме проблемите и да побараме подобрувања што ни се потребни. Утре е долга трка, сè може да се случи, плус топлината ќе биде фактор, како и слободниот избор на гуми, така што со нетрпение очекувам да се вратам посилен утре."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО СИЛВЕРСТОУН
7/17/2021 09:43:00 PM
0
Share to other apps








