Наместо по завршување на Британското Гран При да зборуваме за новиот формат на тркачкиот викенд, топ тема во сите медиуми, дури и тие што не посветувале внимание на Формула 1 е контроверзниот судир на Луис Хамилтон со Макс Ферстапен. Двајцата возачи немаа многу изјави за јавноста, но и од тие малку што ги објавија се гледа дека нивниот однос нема баш така лесно да се поправи. Што ќе донесе тоа во иднина?
Се надеваме уште поинтензивна и поостра борба за титулите, се разбира во рамките на фер-плејот. Некои изјави на сегашни и поранешни возачи, секако сите внимателно избрани и наголемо промовирани преку Британските медиуми го оценија инцидентот како вообичаен!!!
Дали тоа значи дека му се дава целосно право на Ферстапен, доколку се наоѓа зад Британецот целосно да го примени истиот приод и го исфрли од игра во одреден момент од понатамошниот тек на 2021 шампионатот?
Праксата покажа дека тоа е лесно, предниот дел на денешните Ф1 болиди е многу поцрвст од задниот дел, па има голема веројатност тој што удира со предниот дел да ја продолжи трката, за сметка на другиот возач вмешан во судирот.
Но, ние ќе ја земеме страната на стјуардите, кои проценија дека виновник е седумкратниот шампион, кој е извежбан за вакви судири, и во сите нив тој останува на патеката додека другиот возач ја завршува трката или излетува од патеката, губејќи многу места.
Најсвежи примери се судирите со Алекс Албон, сите на истиот начин, предно тркало со задно тркало. За сите нив Луис заработи казни од стјуардите. Еднаш доколку го направиш ајде немало намера, но при повеќе-кратно повторување се доведува во прашање и намерата!?! Дали навистина не беше намерен судир!!!
Ја искоритивме 3D анимацијата на Crashalong за нашиот поглед на инцидентот:
- Двајцата возачи влегуваат во 9-от свиок со поголема брзина од дозволената, Луис со предност од проценети +15км/ч од заветрината на Макс, дополнето со полни резервоари, со тоа многу потешки болиди за контролирање низ свиоците.
- Холанѓанецот остава простор од внатрешната страна, низ кој Хамилтон се решава да нападне понесен од поголемата максимална брзина. Непосредно пред свиокот речиси е паралено со болидот на Макс, но не е понапред. Макс во тој момент е многу поблиску до тркачката линија која дозволува фаќање на свиокот со максимална брзина.
- Како што наближуваат кон внатрешноста на свиокот, болидот на Хамилтон е поблиску до тркачката линија, што докажува дека Макс бил свесен дека е под напад од внатрешната страна и остава простор за Британецот.
Некои велат не оставил доволно простор. Колку да остави!!! Дали треба да се тргне целосно и му го предаде првото место?!? Секако не, секој возач кој би го направил тоа не е материјал за шампион.
- Луис Хамилтон решава прв да намали кога согледува дека нема шанси да го фати свиокот, но веќе е доцна за такво нешто. Неговиот Мерцедес АМГ веќе почна да занесува кон надворешноста на свиокот. А таму беше болидот на Ред Бул. Минималниот контакт имаше големи последици по Холанѓанецот.
- Гумата излегува од бандажот и го испраќа болидот со голема брзина во бариерите покрај патеката. Медицинскиот сензор забележува забавување од 51Г, најголем број во поновата историја на Формула 1 трките.
Трката за Макс е завршена, болидот има голема штета. Факт кој дополнително може да ја реши борбата за Титулите.
Како заклучок, ја подржуваме одлуката на стјуардите дека виновник за судирот е Луис Хамилтон. Можеби понесен од домашната публика, можеби од спринт трката или микс од двете работи, знаеше дека единствена шанса за победа над Макс е претекнување во првиот круг и се реши за напад со максимилен ризик за судир.
Според нас намерно се реши за напад од внатрешната страна бидејќи, како што напоменавме погоре во текстот, добро знаеше дека 99% се шансите Макс да не попушти и дека ризикот за фатални последици е поголем за болидот од надворешната страна на свиокот. Тоа го осети на своја кожа на почетокот од сезоната.
За крај кога влегуваш во свиок, а знаеш дека нема шанси да го поминеш без да изгубиш контрола врз болидот, не може а да не бидеш ВИНОВЕН за предизвикување судир. Податоците од телеметријата го докажаа тоа.
Е сега доколку Макс го знаеше тоа да се потргнеше повеќе ќе излезеше поголем добитник, но пак се враќаме на истото, возач кој би се тргнал во борба за првото место не е материјал за шампион.
Судирот на Макс и Луис ќе предизвика дискусија и полемики долго време, но има и многу специфични финансиски последици. Хелмут Марко консултантот за мотоспорт на Ред Бул, вели дека проценетата штета е околу 750 илјади евра, иако ситуацијата со ПЕ на Хонда сè уште не е јасна, дали ќе може да се користи во иднина или не. Во услови на ограничени буџети ова е прилично голема сума.
Веќе се знае дека Макс нема да може да се врати зад воланот на истиот болид, бидејќи тој е целосно отпишан. Во Унгарија ќе добие нов болид и ќе биде крајно мотивиран.
Хелмут Марко ја коментираше и здраствената состојба на Холанѓанецот: "Макс се чувствува изненадувачки добро. Како претпазливост, неговиот таткo престојуваше со него во хотелот во текот на ноќта. Се плашевме дека последиците од преоптоварување од 51Г ќе бидат посериозни, но освен мала болка во вратот, за среќа, сè е во ред."
"Мислам дека физички неподготвена личност немаше да преживее удар со такво преоптоварување. Макс е во неверојатна физичка форма, и ова е една од причините зошто покрај болките во вратот, тој немаше поголеми последици."
Имаме уште една трка до завршување на полусезоната, а битката се повеќе ќе се заострува. Во Мерцедес АМГ веќе решија дека Валтери ќе работи 100% за да му помогне на Луис во борбата за Шампионската титула. Како тоа да не беше случај досега, сега барем Тото јавно го призна тоа.
Тото Волф: "Шансите Валтери да ја освои шампионската титулa се многу мали во споредба со Луис. Разговаравме за ова прашање. И колку и да му беше тешко на Финецот, оваа сезона не можеме да си дозволиме нашите возачи да земаат поени едни од други."
"Дали помошта на Валтери ќе влијае на обновување на неговиот договор? Ова е само еден од факторите, но мило ми е што ја гледам неговата помош. Ја сакам тимската работа."
Каква дволичност од тимот кој веруваше во еднаквост на возачите, ама лесно е да глумиш кога им бегаш на ривалите со предност од една секунда и тоа со 80% искористеност на својата погонска единица, за да си го покажеш вистинското лице кога ќе се најдеш во рамноправна ситуација со ривалите на патеката. Во случајот доволен беше само еден ривал!!!
Митот за Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ падна во само една полусезона!!!
ПРВИОТ КОНТАКТ Е НАЈТЕЖОК, ПОТОА Е ПОЛЕСНО
7/22/2021 12:50:00 PM
0
Share to other apps


